Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силјановска Давкова: Обединета Европа значи посилна Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Силјановска Давкова: Обединета Европа значи посилна Европа
МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Обединета Европа значи посилна Европа

Објавено July 8, 2026 11:58
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствува на самитот на Северноатлантскиот совет, кој се одржува на ниво на шефови на држави и влади во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

Во своето обраќање пред медиумите, таа истакна дека иднината на Европа треба да се темели на единство, мир и демократски вредности.

„Мотото ‘Посилна Европа – Посилно НАТО’ за мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна е Европа која живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности“, порача претседателката.

Во рамки на самитот, Сиљановска-Давкова ќе има свое обраќање пред лидерите на 32-те земји членки на Алијансата.

Претходната вечер, таа присуствуваше на прием што го организираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По средбата, претседателката соопшти дека со државните и владините претставници разговарале за идните безбедносни предизвици, за зајакнувањето на колективната одбрана и за понатамошното унапредување на трансатлантската соработка.

Во состав на македонската делегација се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Главните теми на самитот се зајакнувањето на безбедноста на Алијансата, поголемите вложувања во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и натамошната поддршка за Украина. За време на посетата на Анкара, претседателката ќе одржи и повеќе билатерални средби со претставници на земјите членки на НАТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден
Следна Статија Патот кон ЕУ да има јасни критериуми, а не да е оптоварен со билатерални прашања, кажа Мицкоски на средбата со Кос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница кој беше закажана напладне. – Се соочуваме со предизвик…

March 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Полиција и обвинителство спроведуваат претреси во повеќе градови

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?