Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > (ВИДЕО) Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден

Објавено July 8, 2026 11:56
Сподели
Сподели

Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење.

По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје.

Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје.

Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт.

За многу брзо време, не подоцна од 1 септември се гледаме и на пуштање на употреба и на Градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје- изјави Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на нафтата пораснаа по новите американски напади врз Иран
Следна Статија Силјановска Давкова: Обединета Европа значи посилна Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: За Владата да доживее вистинска реконструкција, прво треба да се реконструира премиерот

За оваа влада да доживее вистинска реконструкција прво би требало да се реконструира премиерот – коментираат од опозицискиот СДСМ додека…

June 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Во мај годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п.,…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи

Сè уште не е познато кога точно ќе профункционира летот Скопје-Дубаи, иако првично требаше да стартува на 30 март годинава.…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?