Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битиќи ја нарече Димитриеска-Кочоска „сметководителка“, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за „ниски навреди“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Битиќи ја нарече Димитриеска-Кочоска „сметководителка“, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за „ниски навреди“
ПОЛИТИКА

Битиќи ја нарече Димитриеска-Кочоска „сметководителка“, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за „ниски навреди“

Објавено July 10, 2026 13:43
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа.

Од владејачката партија истакнуваат дека Димитриеска-Кочоска, покрај тоа што извршува јавна функција, е „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“.

Во соопштението се наведува дека „нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек“.

ВМРО-ДПМНЕ упати и остри критики кон Битиќи, оценувајќи дека тој „ја гради својата политичка кариера врз етничката припадност“ и дека, како поранешен министер за економија, бил дел од „неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДС“.

Реакцијата следува по вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот. Според видеото од седницата, Битиќи, обраќајќи им се на министерката за финансии и на заменик-министерот за финансии, изјавил:

„Бездната во која што пропаѓате е многу длабока, имате уште да идете надолу. Во тоа ве смести сметководителката и професорот.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се скршил прозорец од авион над македонското небо (ВИДЕО)
Следна Статија Сабаленка се „лечи“ на Миконос (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Гаши: Оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го оствари своето право на глас на локалните избори. Во својата изјава за медиумите…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноска: Секој нов ден довербата во правосудството е се пониска

Пратениците во Собранието, Дафина Стојаноска од ВМРО ДПМНЕ и Митко Трајчулески од СДСМ беа гости во емисијата Само Вистина. -…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

Муцунски по изборот во ИК: Силна и стабилна партија е предуслов за силна држава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој синоќа беше реизбран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,…

February 7, 2026
ПОЛИТИКА

Саракинов: Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината,…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?