Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бишев: Потребно е да се намалат јавните расходи и да се зголеми фискалната дисциплина кај јавните институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бишев: Потребно е да се намалат јавните расходи и да се зголеми фискалната дисциплина кај јавните институции
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Потребно е да се намалат јавните расходи и да се зголеми фискалната дисциплина кај јавните институции

Објавено March 11, 2025 16:47
Сподели
Сподели

Јавниот долг надмина 60 отсто во 2024 година, но, според статистиката, не се земаат ненадмирените обврски, кои на крајот од 2024 година изнесуваа четири отсто. Со ревизијата на оваа статистика, јавниот долг е околу 65 отсто од БДП, што е согласно со финансиската и буџетската статистика на ЕУ, рече претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев.

Бишев напомена дека Фискалниот совет ја оценува како добра Фискалната стратегија 2025 – 2029 година, која ја усвои Собранието.

– Стратегијата е добра рамка за фискална консолидација и на тој план, буџетските дефицити се намалуваат на четири проценти во 2025 година и на 2,8 отсто во 2029 година. Со оваа динамика, Фискалниот совет целосно се согласува и ја поддржува, а јавниот долг е од 62 отсто во 2026 година на 59,7, но моменталните податоци се дека фискалниот долг е веќе 60 проценти, без достасаните обврски. Во однос на ризиците, укажавме дека фискалниот капацитет на јавните приходи врз основа на даноци и придонеси е 32-33 отсто од БДП. Во најновата студија на ММФ, само фискалниот капацитет базиран на даночни приходи е проценет на 22,24 проценти, а, од друга страна, буџетските расходи за наредните четири години се проектирани на ниво од 40 проценти од БДП и тука го гледаме најголемиот ризик за реализација на буџетската стратегија. Препорачавме да се зголеми ефикасноста и да се намалат јавните расходи, да се зголеми фискалната дисциплина, особено кај јавните институции, државните претпријатија, локалната власт, реформа на пензискиот систем и воведување еколошко оданочување, како и конвергенција кон даночните системи со ЕУ – нагласи Бишев.

На долг рок, според Фискалниот совет, додаде, треба да се редуцираат буџетските дотации за пензиите и да се сведат под 30 отсто, зашто на долг рок, над тој процент е неодржливо и го прави буџетот ранлив.

– Ја поддржавме определбата на Владата изнесена во Фискалната стратегија, јавните инвестиции во просек да изнесуваат пет отсто од БДП, а според Стратегијата за развој 2024 – 2044, која, исто така, ја усвои Собранието, тие се проектирани на 6,5 отсто од БДП, со напомена дека ако не се потрошат средствата во текот на годината, да не се пренаменуваат во тековни расходи, туку да останат за инфраструктура и инвестиции во наредната година или да се формира јавен фонд за инвестиции. Фискалниот совет препорачува да има квантификација на буџетските ефекти, односно на влијанието на предложените мерки и закони врз буџетските приходи, расходи и врз Стратегијата, да се отвори дебата за воведување уште едно фискално правило за јавните расходи, за нивниот раст во однос на номиналниот раст на БДП, како и да нема ревизии на фискалните приоритети пред изборните периоди – подвлече Бишев.

Една од препораките на Фискалниот совет е и при предлагањето мерки и закони, обврзно да има и фискална проценка за ефектите од нивното спроведување.

Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека реформите во јавните финансии се клучен чекор за секоја држава што се подготвува за членство во ЕУ.

На презентацијата за фискалното управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет, Рокас го поздрави формирањето на Фискалниот совет во земјава, како и напорот за јакнење на неговите капацитет и мандат.

Рокас потсети дека во ЕУ, целта на фискалните совети е да вршат независен надзор и да го следат придржувањето кон фискалните правила, што значи, напомена, да се избегнуваат преоптимистички владини проценки или неодржливи планови за јавните трошоци, кои може да доведат до фискален дисбаланс.

Директорот на Канцеларијата на Светската банка за Косово и за Северна Македонија, Масимилијано Получи, рече дека јавниот долг во Република Северна Македонија значително се зголемил и сега е на 62,4 проценти од БДП, што е 14 проценти над нивото од пред пандемијата. Ова се должи на постојаните фискални дефицити од пандемијата, кои во просек изнесуваат 5 проценти годишно.

Нагласи дека новите фискални правила и институции преку наложување може подобро да функционираат во втемелувањето здрави јавни финансии доколку независните фискални институции ги оценуваат макрофискалните предвидувања на централната влада и дејствуваат согласно со правилата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ ја повика ДКСК да постапи за случајот со тендерите во министерството на Стефан Андоновски
Следна Статија Николоски – Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две…

November 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши експресниот пат Градско – Дреново

Работниците беа повлечени и активности на терен немаше, не беа решени косините и недостасуваа околу 13 милиони евра за да…

January 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката

Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава. Како што…

April 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

По повеќе од шест децении, Охридскиот аеродром конечно е легализиран

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 1970-тите години, конечно е впишан во катастар и доби имотен лист,…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?