Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
БАЛКАН

Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа

Објавено April 18, 2025 09:28
Сподели
Сподели

Повеќе од 80 часа веќе трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград. Од 14 април во 22 часот досега, блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак, јави дописникот на МИА од Белград.

Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се прекине емитувањето програма од РТС.

Пред централниот објект на РТС во центарот на Белград студенти во блоакда и граѓани   со свирчиња и вувузели изразуваа незадоволство од работата на Јавниот сервис.

Програмската шема на РТС се емитува отежнато, уредништвото веќе неколкупати повика на прекин на блокадата.

Студентите во блокада синоќа најавија дека Велигден ќе го дочекаат пред Радио и телевизија на Србија и ги повикаа граѓаните да им се придружат во тоа.

„Овој празник го дочекуваме под ведро небо пред РТС, бидејќи сметаме дека борбата за вистината не смее да престане ниту за време на празниците. За сите овие денови на блокада, станавме семејство… И вие сте дел од тоа семејство, вие сте со нас. Нашиот Велигден е и ваш“, пишува во објавата на Студентите во блокада на нивниот Инстаграм профил.

Тие испратија писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми).

„Од понеделникот во 22 часот трае незаконската блокада на објектите на Радио и телевизија на Србија поради што вработените се оневозможени да влезат на своите работни места, РТС го прилагодува програмскиот распоред поради тешките услови за работа“, објавија од РТС на Х.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно
Следна Статија РЕАКЦИЈАТА НА МR. GIANT НА „ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ: Човече, ова е феноменално!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик до властите во Сараево: Исламистите депортирани од САД нема да бидат добредојдени во затворите во Република Српска, сместете ги во вашите

Претседаелот на Република Српска, Милорад Додик, му порача на раководството на Босна и Херцеговина дека нема да прифати евентуално депортираните…

February 7, 2025
БАЛКАН

Потона 50-метарски брод во близина на Сплит

Во пристаништето Крило Јесенице во близина на Сплит потона 50-метарски брод, но со брза акција на пожарникари спречена е еколошка…

December 29, 2024
БАЛКАН

Наставничката била избодена 31 пат во грозоморниот нападот во загребското училиште

Млад човек (19) кој се лекувал на психијатриска клиника вчера изврши напад во основното училиште во населбата Пречко во Загреб.…

December 21, 2024
БАЛКАН

Докторот Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“

Доктор Ненад Цоневски, Македонецот кој работи во Софија, е обвинет за „екстремна суровост кон животно“, откако со автомобил прегази маалско куче…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?