Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска во Лондон на средби со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска во Лондон на средби со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор
ЕКОНОМИЈА

Божиновска во Лондон на средби со водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор

Објавено October 17, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на својата работна посета на Лондон, оствари средби со три водечки компании од рударскиот и енергетскиот сектор – Anglo American, Central Asia Metals (CAML) и Pacific Green. Средбите, информираат од Министерството за енергетика, беа фокусирани на унапредување на соработката со британските компании кои се глобални предводници во примената на иновативни и одржливи технологии во рударството и енергетиката, со акцент на одговорно рударство, енергетска безбедност и зелена транзиција.

-Претставниците на компаниите истакнаа дека се сериозно заинтересирани да го зајакнат своето присуство и инвестиции во Македонија, почитувајќи ги националните закони и европските стандарди за заштита на животната средина, безбедност и социјална одговорност, соопшти Министерството.

На средбата со Pacific Green, компанија специјализирана за развој на системи за складирање на електрична енергија и интеграција на обновливи извори, се посочува во соопштението, разговорот беше фокусиран на можностите за примена на батериски системи за складирање енергија, кои се клучен сегмент во модерната енергетика. Министерката Божиновска истакна дека со новиот Закон за енергетика, Македонија за првпат предвидува воведување на батериски системи за складирање енергија, со што државата фаќа чекор со современите светски трендови и создава услови за поефикасно користење на обновливите извори и стабилен електроенергетски систем.

-Македонија ја гледаме како земја која создава предвидлива и транспарентна рамка за инвеститорите. Новиот законски и институционален амбиент овозможува инвестиции кои се во согласност со највисоките стандарди на одговорно рударство, енергетска безбедност и заштита на природата, изјави министерката Божиновска.

Компаниите Anglo American и CAML, кои веќе имаат присуство во земјата, се додава во соопштението, го поздравија донесувањето на новиот Закон за минерални суровини, со кој се воспоставуваат јасни и транспарентни правила за работење, што ја зајакнува довербата кај странските инвеститори и го поттикнува развојот на модерно и еколошки одговорно рударство.

-Раководните лица на двете компании го изразија своето задоволство од формирањето на новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, оценувајќи дека воспоставувањето на посебна институција која се грижи исклучиво за овој сектор е значаен чекор за подобра координација, брза комуникација и стратешко управување со ресурсите. Тие ја изразија својата благодарност за професионалниот пристап на Министерството и ја оценија оваа институција како место каде што инвеститорите конечно имаат конкретен и компетентен партнер за соработка, поддршка и решавање на прашања од областа на енергетиката и рударството, се посочува во соопштението.

Министерката Божиновска, како што се вели, нагласи дека Владата е посветена на тоа Македонија да биде партнер на сериозни и одговорни компании, кои работат според европски стандарди, вложуваат во иновативни и еколошки технологии и придонесуваат кон локалниот економски развој.

-Нашата визија е јасна – да ја изградиме Македонија како регионален пример за балансиран развој на енергетиката и рударството, каде што економскиот раст оди рака под рака со заштитата на животната средина и благосостојбата на заедниците, додаде министерката Божиновска.

Anglo American, CAML и Pacific Green се препознаени како современи компании што ја интегрираат одржливоста, безбедноста и иновациите во своето работење, со што го потврдуваат потенцијалот за натамошна, продлабочена соработка со македонскиот енергетски и рударски сектор.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Фискална едукација“ во основните и средните училишта – проект за поврзување на образованието со реалниот живот
Следна Статија Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азиски акции: Австралија зајакната од BHP, Јапонија продолжува со загуби поради слаб БДП

Азиски пазари во мешан тек, Јапонија забележува загуби поради економски предизвици

February 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави и оцени како одлична вест информацијата за раст на индустриското производство за март од 5,2%…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски за пругата кон Бугарија: Мора да се направи ревизија на цената, бидејќи е невозможно 560 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри…

November 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа

Во централниот дневник на Сител телевизија, во „Тема на денот“, гостуваше Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРМ Инфраструктура и претседател…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?