Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост
ЕКОНОМИЈА

ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост

Објавено December 20, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост. За оваа владина идеја на маса се седнати стручни лица од сите опфатени области. Владата не се откажува од изградбата на хидроцентралата Чебрен, а целта е истата да биде во државна сопственост. Нова студија нема да се прави. Ќе се искористат постоечките, а планот е државата да биде доминантен сопственик, во корист на сите.

Овие информации денес ги соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешниот брифинг со новинарите.

-Сакаме тоа да биде државен проект, но прво да видиме колку пари ќе чини. Или ќе гледаме да биде во доминантна државна сопственост. Според некои проценки, сумата може да стаса од 600 милиони до една милијарда евра. Тоа за Македонија е многу, рече Божиновска.

Таа додаде дека треба да се инвестира во Чебрен за Македонија да биде енергетски независна. Особено, ако се земе предвид дека во последните три години сме дале 340 милиони евра за увоз на струја.

-Во ЕСМ постојат студии од 1960 година, а последната е од 2022 година. Професорите ги разгледаа сите студии. Ние не сакаме пак да правиме физибилити студија, тоа да ни одземе една година, или година ипол. Сакаме да направиме еден проект, за да видиме што може да се направи затоа што хидрологијата е подложна на климатските промени, рече Божиновска.

Министерката потврди дека има заинтересирани странски инвеститори за хидроцентралата и дека сакаат во изградбата да бидат вклучени домашни фирми и експерти.

Кај минатата Влада на СДСМ, немаше никаков интерес за вакви проекти, па екс-премиерот Ковачевски сакаше да го даде во странски раце и да го продаде Чебрен.

Владата на Мицкоски, размислува во насока Чебрен да стане во државна сопственост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајката на напаѓачот: Тој е нестабилен, беше на лекување, а докторот мртов ладен ни го пушти ние да се грижиме за него
Следна Статија (Видео) Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000

 Македонските текстилни конфекции се соочуваат со недостиг на порачки од страна на традиционалните германски партнери. Ангел Димитрова од Организација на…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицепремиерот Николоски на поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица. Николоски, во рамики…

July 1, 2026

Кина бележи пораст на извозот за 5.9% во ноември

Извозот на Кина се врати во раст во ноември по неочекуван пад во октомври, зголемувајќи се за 5.9% во споредба…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-

Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг…

January 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?