Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Одржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван
ЕКОНОМИЈА

Одржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван

Објавено July 10, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Како институција што обезбедува ценовна и финансиска стабилност, Народната банка има важна улога во создавањето предуслови за одржлив економски развој. Преку водење независна, предвидлива и одговорна монетарна политика, зајакнување на финансискиот систем и преку поддршка на структурните реформи, Народната банка директно придонесува за градење стабилно економско опкружување.

Во тој контекст, денеска се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со Светската банка, којашто претставува важен партнер во поддршката на националните политики и на институционалниот развој.

Гувернерот Славески ѝ посака успешно работење на Межеван на новата функција и го изрази задоволството од досегашната продуктивна соработка со Светската банка, којашто преку проекти за техничка помош, анализи и препораки, придонесува за зголемување на институционалните капацитети и за успешно остварување на најважните реформски активности.

Особено внимание им беше посветено на прашањата поврзани со дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, развојот на пазарите на капитал и зголемувањето на отпорноста на финансискиот систем кон светските шокови. Притоа, беше нагласено дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за понатамошна соработка во сите полиња каде што поддршката на Светската банка може да придонесе за натамошно јакнење на макроекономската стабилност и за создавање услови за економски напредок.

И гувернерот, и директорката се согласија дека од суштинска важност за справувањето со предизвиците од новото светско економско окружување е градењето стабилни и силни институции, коишто меѓусебно се координираат и се поддржуваат преку меѓународна соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ ги повлече преостанатите 142 амандмани за ребалансот на буџетот, бараат средства за пожарите и Кочани
Следна Статија Борисов ликува: Кога Бугарија е обединета можеме да постигнеме резултати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денари

Малопродажните цени на бензините на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За два месеци пуштивме 34 километри автопат

Втората делница од автопатот од Кичево до Охрид во должина од 17 километри од Климештани до Охрид денеска ја пуштивме…

September 7, 2025

Азиско-пацифичките пазари се отворија мешано, додека Trump влијае врз одбранбените фирми и цените на нафтата

Претходната ноќ, С&П 500 и Dow Jones индустрискиот просек прекинаа трoдневен победнички streak.

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе присуствува и Мицкоски: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

Светскиот економски форум по 56. пат ги собира водечките лидери од владата, бизнисот и граѓанското општество на годишен состанок во…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?