Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Зајакнување на меѓународната енергетска соработка и нови инвестиции во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Зајакнување на меѓународната енергетска соработка и нови инвестиции во регионот
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Зајакнување на меѓународната енергетска соработка и нови инвестиции во регионот

Објавено October 31, 2025 18:19
Сподели
Сподели

Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој – IFESD-14, кој оваа година се одржа во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари низа билатерални средби со високи претставници на меѓународни организации, финансиски институции и регионални партнери.

Средбите беа фокусирани на продлабочување на енергетската соработка, размена на искуства во енергетската транзиција, како и на можности за нови инвестиции и зајакнување на регионалната енергетска инфраструктура.

Средба со Татјана Молчан, Помошничка генерален секретар на ООН и извршна секретарка на Економската комисија на ООН за Европа (UNECE)

Министерката Божиновска и Молчан разговараа за унапредување на соработката меѓу Македонија и UNECE, особено во делот на одржливата енергетика, дигиталната трансформација и зелената економија.
Божиновска ја истакна важноста на експертската поддршка што UNECE ја дава во областа на енергетската ефикасност и управувањето со природни ресурси, додека Молчан нагласи дека Македонија е пример за конструктивен партнер во рамките на Комисијата и најави подготвеност за понатамошна соработка во имплементацијата на новите енергетски стандарди.

Средба со Инга Пхаладзе, заменик-министерка за економија и одржлив развој на Грузија

На билатералната средба министерката Божиновска и нејзината грузиска колешка разговараа за искуствата на двете земји во спроведување на реформите во енергетскиот сектор и за развојот на обновливите извори на енергија.

Двете соговорнички разменија информации за состојбата со енергетскиот сектор во нивните земји и напредокот во зелената транзиција и предизвиците со кој се соочуваат при на интеграцијата на нови технологии и регионална поврзаност.

Двете страни изразија интерес за идна техничка соработка и размена на експертиза.

Средба со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Србија

Средбата беше фокусирана на напредокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и регионалната интеграција.

Божиновска и Јоксимовиќ разговараа и за усогласување на регулативите и плановите за заеднички настап пред европските фондови за зелена инфраструктура.

Министерката Божиновска нагласи дека интерконекторот ќе ја редефинира енергетската карта на регионот и ќе создаде нови можности за економски развој и инвестиции.

Средба со г-дин Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница

Во рамките на оваа средба, Божиновска и Лорковски разговараа за напредокот на Македонија во спроведувањето на обврските од Договорот за Енергетската заедница, особено во делот на декарбонизацијата и либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Божиновска истакна дека Владата е целосно посветена на исполнување на европските цели за климатска неутралност и дека континуирано се спроведуваат реформи за модерна и конкурентна енергетска економија.

Средба со Стефани Гил, менаџерка за пракса за енергија за Европа и Централна Азија, Светска банка

Министерката Божиновска и Гил разговараа за тековните и идните проекти поддржани од Светската банка во Македонија, со акцент на финансирање на енергетската ефикасност во јавниот сектор и модернизација на електроенергетската инфраструктура.

Светската банка изрази подготвеност да ја поддржи земјата со иновативни финансиски инструменти за зелени инвестиции, како и преку техничка помош за исполнување на климатските цели до 2030 година.

Средба соГжегож Зјелински, директор и раководител на секторот за енергија за Европа, Европска банка за обнова и развој (ЕБОР)

Божиновска и Зјелински разговараа за проширување на соработката со ЕБОР во областа на обновливите извори на енергија и зелениот транспорт.

Министерката ја истакна потребата од зголемување на инвестициите во нови енергетски капацитети и поддршка на приватниот сектор, додека ЕБОР ја потврди својата определба да продолжи со финансирање на зелени проекти во Македонија.

Билатералните средби ја потврдија силната меѓународна позиција на Република Македонија во енергетскиот сектор и посветеноста на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да ја води земјата кон одржлива, сигурна и модерна енергетска иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во недела сите масовно да излеземе на гласање, зошто додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
Следна Статија Откриен гроб со протома од коњ положен на страна кој датира од железното време на локалитетот Исар Марвинци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Nvidia ќе врбува врвен кадар од AI чип стартап Groq преку лиценцен договор

Највредната компанија во светот ќе придобие инженер кој помогна во развојот на Google's Tensor Processing Unit чип програмата

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски му врати на Николовски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата

Случајот со земањето мито од страна на директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој е јасен показател…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сиљановска Давкова: Достигнувањата на Институтот за тутун значително влијаат на македонската економија

Преку систематско креирање нови сорти тутун и усовршување на веќе признатите, Институтот за тутун ја осигурува не само стабилноста, туку…

December 5, 2024

Инфлацијата во Кина помала од очекуваното во јануари, додека дефлацијата на производните цени продолжува

Инфлацијата на потрошувачките цени во Кина порасна помалку од очекуваното во јануари, истовремено задржувајќи ја дефлацијата на производните цени.

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?