Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: За „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одбере најдобрата опција, неколку фирми заинтересирани за изградба на две когенеративни централи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: За „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одбере најдобрата опција, неколку фирми заинтересирани за изградба на две когенеративни централи
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одбере најдобрата опција, неколку фирми заинтересирани за изградба на две когенеративни централи

Објавено May 27, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде најдобра за граѓаните, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“.

Божиновска информира дека веќе е поставена рамка и дека се во тек финалните размислувања за финансиската конструкција.

Станува збор за проект, потсети, што ќе се гради седум – осум години.

-Имавме експертска група која работеше неколку месеци и некоја рамка поставивме. Сега сме во финални размислувања да видиме колку тоа би изнесувало, дали ќе биде 1,2 или 1,3 милијарди. Ќе видиме точно која ќе биде висината на браната, што се ни е потребно. Кога ќе ја знаеме точната сума, ќе видиме под кои најдобри услови можеме да почнеме со изградба. Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги видиме сите опции, која е најдобра за граѓаните таа ќе ја избереме – истакна министерката, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот Avant2Go – модерен систем за целосно електрично споделено возење.

Во однос на когенеративните централи, истакна дека веќе има неколку фирми кои се заинтересирани и кои сакаат да градат две вакви централи.

-Тоа ќе биде сериозна инвестиција, зборуваме за милијарда евра. Ќе видиме, разговараме и дискутираме. Мислам дека во најкус рок ќе имаме повеќе информации, но веќе имаме преговори со неколку фирми – соопшти Божиновска.

Информира и дека Извештајот на МЕПСО ќе се разгледува денеска, веќе е доставен до Регулаторната комисија за енергетика.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел
Следна Статија Малолетник исчезнал од својот дом во Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

Борбата за зголемување на минималната плата не е борба против Владата или за затворање на компаниите, туку е борба за…

August 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кај една третина од контролирани субјекти УЈП утврди неправилности со фискализација

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), во текот на месец…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена

Проблемот со продолжениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната стана актуелен по казната што денес беше изречена во пристаништето…

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Апел од Стопанската комора по големиот пожар во Виница: Поддршката на Макпрогрес е поддршка за македонската економија

В петок, 12 септември 2025 година, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?