Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Рударството мора да биде двигател на развојот – поддршка само за одговорни компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Рударството мора да биде двигател на развојот – поддршка само за одговорни компании
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Рударството мора да биде двигател на развојот – поддршка само за одговорни компании

Објавено September 22, 2025 14:47
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претседателот на Македонската асоцијација за рударство (МАР), Диме Петроски. На средбата беше нагласена важноста од отворен дијалог и партнерство меѓу институциите и рударскиот сектор, со цел воспоставување доверба и создавање конструктивна атмосфера за идната соработка.

Претседателот Петроски посочи дека рударската професија последниве години е под силен јавен притисок и нагласи дека целта на Асоцијацијата е да покаже дека ова е чесна и одговорна професија.

„Нашата цел е да покажеме дека ова е чесна и одговорна професија, која отсекогаш била гордост на земјата. Денес, таа се извршува со почитување на законите и соработка со институциите.“ изјави Петроски. Тој додаде дека „заработката е важна, но уште поважни се угледот, добриот имиџ и јавната перцепција за рударството како дејност која рамноправно се грижи и за животната средина.“

Министерката Божиновска потенцираше дека Министерството е посветено да создаде подобри услови за работа во секторот, но и да ја гарантира заштитата на јавниот интерес и природните ресурси.

„Разбираме дека рударскиот сектор бара подобри услови за работа, но должни сме да обезбедиме фер правила, транспарентност и заштита на ресурсите. Ќе се работи на намалување на административните бариери и усогласување со европските стандарди.“

Во однос на идниот развој на секторот, Петроски истакна дека е важно рударството да се третира како двигател на економскиот развој и благосостојбата на граѓаните. Оваа земја ни дала многу и тоа мора да го користиме одговорно.

Министерката Божиновска нагласи дека поддршка ќе добиваат токму оние компании што инвестираат во еколошки прифатливи технологии и вложуваат во локалните заедници.

„Нашата цел е да изградиме фер и транспарентна регулатива која ќе гарантира и економски развој и заштита на животната средина. Во новите законски решенија и стратегии за рударство и геологија, риоритет е воспоставување на најстроги еколошки стандарди при истражувањето, експлоатацијата и преработката на минералните суровини, јакнење на обврските за рекултивација, поддршка на локалните заедници и обезбедување поголема контрола и транспарентност во секторот. Важен е и развој на човечкиот капитал. Особено значајна е соработката со универзитетите и стручните училишта за да изградиме нови генерации квалификуван кадар за рударскиот сектор.“

На средбата беше нагласена и потребата од нови инвестиции и модернизација со воведување современи технологии за почисто и поефикасно производство. „Современиот начин на живот носи зголемена потреба од минерали и ресурси, што ја прави модернизацијата и одговорното рударство неопходни.“ додаде Петроски.

И двете страни се согласија дека вложувањето во локалните заедници и транспарентното работење се клучни за јакнење на довербата меѓу јавноста и рударските компании. Како следни чекори, беше договорено дефинирање заеднички активности и динамика на соработката, меѓу кои формирање тематски работни групи, организирање редовни состаноци и подготовка на меморандум за соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески на Конференеција во Женева: Монетарната политика e претпазлива согласно предизвиците
Следна Статија Казни за возење велосипед или преминување раскрсница со мобилен – стартуваат во петок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Ветерот ќе ја движи Македонија – стартува изградбата на „Богданци 2“

На Меѓународниот ден на ветерот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја најави новата фаза од развојот…

June 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сточарите ќе протестираат ако не добијат субвенции до 20 март

Сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите за 2025 година. Сточарите од Карбинци се заканија со протести, информира Тв Стар. Итна…

March 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“

Покрај сите предизвици со кои се соочивме успеавме да ги консолидираме, да ги исконтролираме и да ги стабилизираме јавните финансии…

October 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пуштивме 42 км автопат и 31 км пруга во употреба за само две недели

Во период од 10 дена пуштање во употреба на три големи инфраструктурни проекти, нешто што се нема случено во историјата…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?