Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Стабилната грејна сезона е приоритет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Стабилната грејна сезона е приоритет
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Стабилната грејна сезона е приоритет

Објавено September 12, 2025 11:14
Сподели
Сподели

На координациски состанок со претставници на сите надлежни институции од енергетскиот сектор беа разгледани тековните активности и подготвителните мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во претстојната грејна сезона.

Редовниот ресорски состанок се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде покрај претставниците на Министерството од соодветните сектори, присуствуваа и претставници на компании и институции од енергетскиот сектор.

Во дискусијата активно учествуваа раководствата на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставници на НЕМО, кои ги изнесоа своите ставови, предизвици и предлози за натамошно унапредување на енергетскиот систем и зголемување на координацијата помеѓу институциите.

Разгледани беа:
• напредокот на проектите за енергетска инфраструктура;
• состојбата со обезбедувањето на потребните енергенси;
• плановите за работењето на берзата за електрична енергија и day-ahead пазарот;
• координацијата помеѓу институциите за одржување на стабилноста на системот.

Министерката Сања Божиновска беше информирана за досегашните подготовки и нагласи дека клучен приоритет останува сигурното и стабилно снабдување на граѓаните и индустријата во текот на целата грејна сезона.

За првпат по формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска воведе пракса на редовни координациски состаноци со сите надлежни институции од секторот. Целта е навремено информирање и координирање на активностите – практика што досега не постоела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености, до крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Високите цени на становите влијаат врз пазарот за изнајмување

Во Скопје, Тетово, Штип и Битола се бележи пораст на цените за изнајмување на станови, особено во централните градски подрачја.…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин за подобар пристап и поголема безбедност

По пуштањето во употреба на делницата Крива Паланка – Страцин, се јави потреба од дополнителни клучки за подобра поврзаност со…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?