Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Технолошкиот развој бара партнери – Македонија и Чешка ги продлабочуваат енергетските и технолошките врски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Технолошкиот развој бара партнери – Македонија и Чешка ги продлабочуваат енергетските и технолошките врски
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Технолошкиот развој бара партнери – Македонија и Чешка ги продлабочуваат енергетските и технолошките врски

Објавено April 23, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Технолошкиот развој е клучот за иднината, а меѓународните партнерства се силата што го движи напредокот. Денешниот Енергетско-технолошки форум, организиран од Амбасадата на Чешка во Скопје, беше јасна потврда за тоа, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На форумот присуствуваа вицепремиерот Изет Меџити, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва. Како што истакнуваат од МЕРМС, настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови соработки меѓу Чешка и Македонија во областа на енергетиката, технологијата и економскиот развој.

Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.

Дадовме силна поддршка за нови партнерства меѓу институциите, бизнис-секторот и експертите од двете земји. Чешка денес има модерни електрани, експерти што може да ни помогнат – Од енергија до дигитализација – имаме многу што да споделиме, но уште повеќе што да изградиме заедно, истакна Божиновска.

Во рамки на форумот се одржаа и презентации на чешки компании специјализирани во областа на рударството, енергетиката и машинската индустрија. Посебен акцент беше ставен на технолошките решенија за обновливи извори, дигитална контрола на индустриски системи и модерна опрема за производство на енергија и обработка на суровини.

Форумот беше организиран со поддршка на Министерството за надворешни работи и Министерството за индустрија и трговија на Чешка, како и здружението Czech Extraction and Mining Technology.

Само преку координација на идеи, ресурси и визии можеме успешно да се справиме со енергетските предизвици и да напредуваме на технолошки план, беше заедничкиот заклучок на учесниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јахоски поднесе жалба за одлуката на Кривичен
Следна Статија Утре сè ќе ви оди од рака: Ова се адетите за четвртокот по Велигден кој е најсреќен во годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола

Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од функција изутрината во 8:22 часот поради активирана заштита. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дијаспората сѐ поголема, парите што ги праќа во Македонија сѐ помали

Иако во последниве десетина години се повеќе луѓе се иселуваат од Македонија и македонската дијаспора е сѐ поголема, парите што…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ова се најстресните професии: Дали сте на листата?

Стресот на работа може да се појави од различни причини. Роковите и постојаната конкуренција вршат притисок за завршување на задачите…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?