Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јахоски поднесе жалба за одлуката на Кривичен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јахоски поднесе жалба за одлуката на Кривичен
ХРОНИКА

Јахоски поднесе жалба за одлуката на Кривичен

Објавено April 23, 2025 18:24
Сподели
Сподели

Сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, поднел жалба против одлуката на Кривичниот суд кој не му ја прифати гаранцијата од над два милиони евра ефективниот притвор на Јахоски да му биде заменет со домашен, потврди неговиот адвокат Владимир Доневски за Алсат. Во краток телефонски разговор Доневски кажа дека утрово е поднесена жалба до Апелација и дека во текот на следната недела се очекува кривичниот совет да донесе конечна одлука. Од друга страна, од Апелација за Алсат велат дека официјално до овој момент ја немаат добиено жалбата, меѓутоа дека откако ќе пристигне ќе постапуваат по истата.

Оттаму објаснуваат дека по добивањето на жалбата Апелација ќе чека мислење од вишото јавно обвинителство, а потоа на седница за која дополнително ќе се извести јавноста дали ќе биде јавна или не, кривичниот совет ќе одлучува дали ќе ја прифати или ќе ја одбие. И покрај позитивното мислење на јавен обвинител од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Јахоски да биде пуштен во куќен притвор доколку покрај гаранцијата од 60 милиони денари на посебна сметка депонира уште 72 милиони денари, Кривичен сепак одлучи барањето да го одбие како неосновано со образложение дека доколку заврши во куќен притвор Јахоски би можел да ја попречи истрагата преку влијание на сведоци или преку прикривање и уништување на трагите на кривичното дело.

Асмир Јахоски пак е еден од 13-те осомничени во истрагата за сомнителните тендери за набавка на мазут вредни 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино, а која беше отворена во 2023 година. Покрај Јахоски, во овој случај помеѓу осомничените има неколку други познати бизнисмени и поранешни функционери како ексдиректорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство и сопственикот на нафтената компанија РКМ Енерџи Ратко Капушевски кој се наоѓа во притвор. Јахоски е во притвор од 12 март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
Следна Статија Божиновска: Технолошкиот развој бара партнери – Македонија и Чешка ги продлабочуваат енергетските и технолошките врски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО

Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати…

September 12, 2025
ХРОНИКА

Почина актерката Соња Каранџулоска

На 77-годишна возраст почина Соња Каранџулоска, позната македонска театарска, филмска и телевизиска актерка, од Македонскиот народен театар, која има словенечко…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривично

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?