Експлозија на бомба, која според полицијата била од домашна изработка, синоќа ја стресе Атина. Според властите, два медиума во грчкиот главен град половина час претходно добиле анонимна дојава дека ќе биде активирана бомбата пред седиштето на „Грчки железници“.
По ова, веднаш биле преземени безбедносни мерки и зградата била евакуирана.
На мрежите се појави снимка од моментот на експлозијата, забележана од безбедносна камера: