Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните сами треба да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните сами треба да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните сами треба да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата

Објавено April 12, 2025 09:02
Сподели
Сподели

И покрај поднесените иницијативи за воведување на поправеден систем на пресметка на потрошената електрична енергија, состојбите во пракса покажуваат дека граѓаните и понатаму се изложени на неправедни и паушални сметки. Според Здружението на инженери на Македонија, компанијата ЕВН Хоме не е подготвена, ниту технички ниту кадровски, да спроведе фер и недискриминаторен систем на наплата заснован на реална потрошувачка.

Измените во софтверските решенија не се изведуваат самостојно од страна на ЕВН, туку преку ангажирање надворешни фирми, а притоа никој досега не извршил увид или експертиза на програмскиот код. Уште помалку е проверена точноста на алгоритмите врз основа на кои се проценува потрошувачката“, наведуваат од Здружението.

На подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, се разговараше за предложените измени на Правилата за снабдување со електрична енергија. Седницата траеше два и пол часа, а претставниците на ЕВН признаа дека процесите на отчитување и корекција на сметки сè уште не се автоматизирани, иако на нивната веб-страница тврдат спротивно. Според учесниците, сметките и натаму се коригираат рачно и се базираат на процени, а не на реални податоци.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, побара од ЕВН да достави дополнителни објаснувања во рок од десет дена. Додека не се добијат тие информации, ситуацијата останува непроменета.

„Нашата цел е да се воведе систем на наплата кој е праведен и транспарентен, со автоматска корекција на паушалните сметки и без дискриминација на потрошувачите“, појаснуваат од Здружението на инженери на Македонија.

Според нив, компанијата не покажала конкретна намера за брза замена на постојните броила со нови, кои овозможуваат далечинско отчитување. Исто така, додаваат дека спроведувањето на таков систем може да резултира и со поскапување на електричната енергија, што значи дека реализацијата би можела да трае со години.

Во вакви околности, граѓаните остануваат единствениот ефикасен механизам за спречување на неправедно фактурирање. Здружението ги повикува сите потрошувачи редовно да ги проверуваат своите сметки и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме секогаш кога се сомневаат во нивната точност.

„Со тоа граѓаните ќе го искористат своето право да се заштитат од неправедна наплата и несоодветно префрлување во повисоки тарифни блокови, со што често се наплаќаат поголеми суми од реално потрошеното количество на струја“, заклучуваат од Здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тонали и Фаџоли повторно под истрага поради нелегално обложување
Следна Статија Бомба експлодира пред седиштето на „Грчки железници“ во Атина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Германската автомобилска индустрија тоне сè побрзо: Загуби дури 51.500 работни места за една година

Германската автомобилска индустрија е во голем пад: во текот на изминатата година, индустријата изгуби повеќе од 51.000 работни места, речиси…

August 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Колку тендери има добиено Марковски компани од РЕК Битола?

Марковски компани е најголемиот тендерџија на РЕК Битола во изминатите години. Иако најголемите тендери ги добива во последните четири години,…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?

Според актуелните движења на параметрите со кои се формира минималната плата, таа следниот март во 2025 година се очекува да…

November 3, 2024

Алфабет го изненадува пазарот со амбициозни планови за капитални расходи

Алфабет очекува капиталните расходи за 2026 година да бидат помеѓу 175 и 185 милијарди долари - на повисоката граница тоа…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?