Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово
ХРОНИКА

Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово

Објавено September 3, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од ОЈО, во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби – гранати модел „М.75“ , како и педесет куршуми калибар 7,65 мм наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владимир Грчев освои златен медал на Европската олимпијада по информатика во Шумен
Следна Статија Турција ја совлада Србија за прво место во групата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мајката на водителката Саванах Гати се бара во Аризона

Властите во Аризона ја бараат Ненси Гати, мајката на водителката на 'ДЕНЕС', која е пријавена како исчезната под загрижувачки околности

February 3, 2026
ХРОНИКА

Две лица загинаа во сообраќајката кај охридското село Ботун, откако возило излета во река

Две лица го загубија животот откако возило заврши во река кај охридското село Ботун, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Кривични пријави против неколку лица од РЕК Осломеј, го оштетиле претпријатието за 597.080 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево  поради постоење основи на сомнение за сторено…

May 22, 2025
ХРОНИКА

Златна плочка пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица, еве колку вреди

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен…

May 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?