Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бонџино објави репортажа за тоа како УСАИД и Сорос ја финансираа мигрантската криза и Шарената револуција во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бонџино објави репортажа за тоа како УСАИД и Сорос ја финансираа мигрантската криза и Шарената револуција во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Бонџино објави репортажа за тоа како УСАИД и Сорос ја финансираа мигрантската криза и Шарената револуција во Македонија

Објавено February 18, 2025 08:15
Сподели
Сподели

Еден од водечките американски политички коментатори, Ден Бонџино, на својата интернет страница објави текст за злоупотребите на програмите на УСАИД за поттикнување на огромниот мигрантски бран во 2015 и 2016 година.
Во текстот, кој е дело на новинарот Мет Палумбо, се опишува како канцеларијата на УСАИД во Македонија плаќала стотици илјади долари на организации кои лобирале европската граница да остане отворена за милионските маси мигранти од Блискиот Исток и средна Азија.

Сорос финансира невладини организации да им помагаат на илегалните доселеници да ја поминат американската граница, но и во мали држави тој ја поттикнуваше оваа инвазија. За време на мигрантската криза во Европа во 2015 и 2016 година, Македонија беше жешка точка. Крајно левата грчка Влада ги пренесуваше мигрантите кои доаѓаа на нејзините острови од Турција до европското копно, а потоа со воз ги носеше до границата со Македонија. Само во 2015 година низ оваа рута поминаа 600,000 мигранти. Целото време Сорос беше во заднината, и го подготвуваше масовното движење на мигрантите низ државата. УСАИД финансираше програми преку грантови кои беа доделувани на левичарски организации. Една од нив, Македонското Здружение за Млади Правници, доби 370,000 долари во 2016 година „да ги брани човековите права на мигрантите и бегалците и да ги задоволува потребите на најранливите меѓу нив“.

Овие пари беа користени за логистичка поддршка на мигрантите, да им се помогне да се пополнат скудните документи кои се бараа од нив, и да се врши притисок врз државите да ги сменат своите правила за азил и тие да се применуваат не само на мал број поединци туку на огромна маса луѓе, пишува на порталот на Ден Бонџино, кој е еден од најмасовно гледаните десничарски коментатори во САД, ѕвезда на мрежата Рамбл и значаен медиумски поддржувач на политиките на претседателот Доналд Трамп.

Во текстот се наведува и дека СДСМ и Сорос, со поддршка на УСАИД, ги финансирале групите кои ја почнаа Шарената револуција во 2015 година, „исто како што Сорос стори и во Украина и многу други држави, при што дипломати од администрацијата на Обама ги поддржуваа нивните протести“. Во текстот се наведуваат дел од проектите кои УСАИД ги финансирал во Македонија, но и користењето на активисти од левичарските организации за пропагандни цели. Па така, се спомнува примерот на Јасмина Голубовска, вработена во друга организација за поддршка на масовната миграција во Европа – Легис – која беше прогласена за хероина на Шарената Револуција откако беше фотографирана како се шминка користејќи полициски штит како огледало – потег што редовно се користи при обоените револуции ширум светот.

Како потврда на поврзаноста на проектите на УСАИД и фондацијата Сорос, во текстот на страницата на Ден Бонџино се претставува користењето на мајците со натпис „Армија на Сорос“ од страна на шарените активисти, вклучително и новинарот Борјан Јовановски, кој беше дел од крупен медиумски проект финансиран од страна на УСАИД – емисијата Контравести. Павле Богојевски, веројатно најпрепознатливиот активист на Шарената Револуција, беше дел од Хелсиншкиот Комитет, кој добиваше пари од УСАИД за спроведување на проект за ЛГБТ прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Василија Петрова од Ќустендил ги здрма Бугарите со моќниот глас и јасно им порача дека е Македонка
Следна Статија Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положивме венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски за дивата депонија Вардариште: Она што не е санирано со децении, ние ќе го решиме за една недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави итно решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште во Скопје. Изрази и сомнеж и неверица дека…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извлечени неколку лица кои беа заглавени во Лазарополе

Седумте лица заглавени во Лазарополе од вчера, денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени

Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?