Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Боријан Борозанов: Во Европа 25% од возилата имаат вградени катализатори произведени во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Боријан Борозанов: Во Европа 25% од возилата имаат вградени катализатори произведени во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Боријан Борозанов: Во Европа 25% од возилата имаат вградени катализатори произведени во Македонија

Објавено January 8, 2026 12:10
Сподели
Сподели

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е м-р Боријан Борозанов, директор за европски операции во секторот за чист воздух во „Џонсон Мети“- водечки глобален понудувач на технологии за чист воздух, и генерален директор на „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје. Во разговорот тие се осврнаа на неговата професионалната кариера, како и на развојот на компанијата „Џонсон Мети“, Скопје.

М-р Боријан Борозанов има повеќе од 20 години професионално искуство во меѓународниот менаџмент и лидерски позиции во Европа, САД и Македонија, со значајно искуство и во автомобилската индустрија. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како „Фулбрајт“ стипендист, магистрирал деловна администрација на престижната „Тандербрд“ школа за глобален менаџмент во Феникс, Аризона, САД.

Пред враќањето во Македонија, работел на повеќе одговорни позиции во автомобилската индустрија во Европа, меѓу кои и стратешки планер за производствен отпечаток, како дел од Ротациската лидерска развојна програма на „Делхи“.

Во периодот од 2007 до 2912 година, како раководител на Одделот за услуги на инвеститори во „Инвест Македонија“ (Invest Macedonia), м-р Борозанов придонел за реализација на 12 инвестиции со вкупна вредност од над 100 милиони американски долари, како и за отворање на 2500 нови работни места во синџирот на снабдување во автомобилската индустрија во Северна Македонија.

Во „Џонсон Мети“ доаѓа од компанијата „Аптив Сервисес Македонија“, каде од 2016 година ја извршувал функцијата генерален директор, а бил и дел од тимот што учествувал во воспоставувањето на новата фабрика на „Делхи Електроникс Систем“ во ТИРЗ Скопје.

Во подкастот, м-р Борозанов зборуваше за „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје-компанија за изработка на катализатори и филтри за автомобили со внатрешно согорување, која е дел од глобалниот систем на „Џонсон Мети“ со седиште во Лондон. Станува збор за компанија со 208-годишна традиција, специјализирана за изработка на катализатори за автомобилската, бродската и хемиската индустрија.

Тој нагласи дека „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје е најголема, најпродуктивна и најефикасна компанија во рамките на целиот глобален систем на „Џонсон Мети“, која има 100% македонски менаџмент и македонски инженери. Иако често се перципира како странска компанија, според Борозанов, таа суштински е македонска компанија со странски капитал. Во тој контекст истакна: „Околу 25% од возилата што се возат во Европа, имаат вградено катализатори произведени во Македонија, а вкупниот број на произведени катализатори во Македонија од отворањето на фабриката во 2009 година до денес изнесува 190 милиони“.

Борозанов го потенцираше и пристапот на компанијата кон човечките ресурси, нагласувајќи дека „Џонсон Мети“ вработува млади инженери без претходно работно искуство и ги развива согласно сопствените потреби. Според него, компаниите не треба да очекуваат кадар подготвен исклучиво од државата, туку и самите активно да се вклучат во процесот на креирање и развој на човечкиот потенцијал.

Тој посочи дека иако компанијата остварува обрт од околу две милијарди, фокусот не е ставен само на раст на компанијата, туку пред сè, на профитабилноста и задоволство на клиентите и вработените. „Џонсон Мети“ е отворена за соработка со Владата, особено во областа на образованието и пренесувањето на добрите бизнис практики.

Како членка на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, „Џонсон Мети“ е активно вклучена во иницијативи насочени кон подобрување на извозот, проширување на регионалната соработка и создавање образовен систем усогласен со потребите на бизнисот, како и во промовирањето на политика „нула“ толеранција на корупцијата, креирање мерит систем и јакнење на одговорноста.

Во поткастот, м-р Борозанов откри и дел од своите лични интереси, истакнувајќи ја љубовта кон спортот, кој за него, претставува значаен фактор за јакнење на тимскиот дух и градење стратегија за успех, и во бизнисот и во животот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани
Следна Статија Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Автопатот Скопје – Блаце ќе почне да се гради следната година, треба да биде завршен за 3 години

Министерот за транспорт и врски Александар  Николоски очекува изградбата на автопатот Скопје – Блаце да почне да се гради следната…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

Од првиот ден, нашата Влада е посветена на градење силна, стабилна и просперитетна економија, економија која дава реални резултати за…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повик на Варш за договор помеѓу Федералните резерви и Трезорот предизвика дискусија на обврзничкиот пазар

Кевин Варш понуди повеќе идеи за тоа како би раководел со Федералните резерви за време на својата кампања за позицијата…

February 10, 2026
BlogБАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?