Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура

Објавено November 20, 2024 20:37
Сподели
Сподели

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за финансиската подршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје – Блаце, изградба на брза пруга на коридор 10 како и доизградба на пругата на коридор 8.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја потенцираше решителноста на Владата за реализација на овие проекти и нагласи дека од големо значење е вклученоста на ЕБОР во подобрување и рационализација на проектите на ниво на изводливост се со цел утврдување на најсоодветните варијанти за нивна изградба.

На средбата, исто така се разговараше и за динамиката за изградба на проектите, при што министерот Николоски истакна дека во перидот што следи, Владата ќе ги забрза постапките за реализација.

“Денешната средба со ЕБОР беше конструктивна и во насока на изнаоѓање заеднички решенија се со цел да изградиме квалитетен автопат, притоа тој да биде со реални цени, а не како што претходно било планирано и секако да нема штета по буџетот и граѓаните. Работната група работи на изнаоѓање на нова траса и очекувам во скоро време да имаме нова траса поевтина од претходно понудената”- истакна министерот Николоски по средбата.

Министерот Николоски додаде дека Македонија е силно посветена на регионалното поврзување и економскиот развој и во таа насока има силна волја во завршување на крупните инфраструктурни проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Сите сме многу блиску до смртта: Карлсон ги предупреди Американците
Следна Статија Украина за првпат лансираше британски ракети со долг дострел на руска територија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа…

October 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност

Европската комисија денеска му изрече казна од 120 милиони евра на Икс поради непочитување на Законот за дигитални услуги (ДСА)…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна посета во општина Гевгелија. Тој одговараше на новинарски…

July 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се лажат ако мислат дека не надмудриле: Мицкоски разочаран од маркетите, ќе бара вонредна инспекција

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе побара од Државниот пазарен инспекторат робусна и жестока акција бидејќи, како што вели, дел…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?