Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор
ХРОНИКА

Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор

Објавено October 11, 2025 09:04
Сподели
Сподели

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти ЈОРСМ. Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е преиначена одлуката на судијата на претходна постапка.

ОЈО Битола уште не е известено за одлуката по поднесената жалба на мерката куќен притвор за осомничениот раководител во РЕК, посочуваат од ЈОРСМ.

Битолското обвинителство вчера поднесе жалба за одлуката на Судот, со која се предвидуваше двајца од осумте осомничени во истрагата за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ да одат во куќен притвор. Од Обвинителството од Битола бараа мерка затворски притвор, а како причина за тоа се наведуваа ризици од бегство на осомничените. Притвор се бараше за еден од раководителите на Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата „Марковски компани“, која претходно ги добивала тендерите во Комбинатот и која како правен субјект се сомничи во случајот. Судот ја преиначи одлуката и одреди мерка притвор за Марковски.

Како што претходно информираа од ОЈО Битола, надлежниот јавен обвинител не се согласи со одлуката на Судот, имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, посебно што Марковски има значителен имот во друга држава. Од тие причини Обвинителството вложи жалба на одлуката на Судот и бара мерка затворски притвор.

На ваквата одлука на битолскиот суд реагирааше ВМРО-ДПМНЕ, од каде сметаат дека ваквиот потег е срамен, потенцирајќи дека нема да дозволат, како што велат, судството на СДСМ и ДУИ да ги ослободува криминалците.

– Срамна одлука на Судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, доби куќен притвор. Газдата на Марковски компани е фатен инфлагранти како испумпува пари од РЕК со документи и докази е заштитен од судот на СДС и ДУИ. Газдата на Марковски компани мора да каже каде завршија милиони евра од тендерите, дали крајна дестинација биле фирми на Заеви во Бугарија и Дубаи, дали со тие пари е финансирана СДС и дали со тие пари се купувани други бизниси на Заеви?, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Јавното обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола.

Петмина службени лица во РЕК Битола, меѓу кои тогашниот директор на Комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, се сомничат дека во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ така што не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера на друг да му прибават корист, а да го оштетат комбинатот, односно спротивно на основниот рударски проект и на потребите на рудникот „Живојно“ организирале и реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола.

Правното лице, сопственикот/управител и уште едно лице вработено во правното лице ДТПУ Марковски Компани се сомничат дека иако биле свесни дека работите не се извршени, доставувале фактури врз основа на кои од РЕК Битола незаконски наплатиле 106.200.000 денари со вклучен ДДВ, со што сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство“.

Со предистражните дејствија кои, како што информираа од Обвинителството, по наредба на јавниот обвинител ги преземала Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени – службени лица во РЕК Битола, односно тогашниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија После неколку одлагања: Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
Следна Статија Кузмановски се извини по скандалот со „белото“: Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Ќерка ми не ја зеде болеста, туку погрешната терапија, а ја лекуваше Нино Васев“, сведочење на мајката на починатата Адријана Начевска

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, со сведоци на Основното јавно обвинителство продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за…

September 10, 2025
ХРОНИКА

Лишен од слобода возачот кој со возило удри велосипедист во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода Б.Џ. (51) од Скопје затоа што денеска околу 11.40 часот…

April 1, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Полицајци спречија девојка да си го одземе животот, приведен маж поради сомнение за проституција

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да…

July 23, 2025
ХРОНИКА

Сите дојави за бомби во училиштата биле лажни

 Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полицијата ги завршила сите контроли и проверки по добиените дојави за поставени бомби…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?