Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделство
ЕКОНОМИЈА

Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделство

Објавено June 30, 2026 21:15
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски по одржаната денешна седница на Извршниот одбор на партијата попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството и потпретседател на партијата Борче Серафимовски.

-Станува збор за човек кој ги обединува академското знаење, менаџерското искуство и практичното познавање на системот. Доктор е по организациски науки, магистер по меѓународни односи, дипломиран бизнис менаџер и дипломиран дефендолог, а во изминатите две години успешно ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Она што за нас беше пресудно не се само неговите академски квалификации, туку фактот што доаѓа како човек кој веќе го познава системот, ги познава потребите на македонските земјоделци, ги разбира предизвиците со кои се соочува агросекторот и има капацитет веднаш да продолжи со реализација на започнатите политики. Уверен сум дека ќе ја оправда довербата што му ја даваме денес, исто како што тоа го направија и нашите досегашни министри – рече Димитриевски.

Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, во влијателно министерство.

Димитриевски информира дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Потенцира дека во Министерството за јавна администрација се реализирале суштински реформи кои создаваат основа за професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација. Нагласи дека при формирање на владината коалиција свесно ги преземале Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, два ресори, како што рече, кои со години биле симбол на застој, недовршени реформи и нарушена доверба на граѓаните во институциите.

Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност.

– Во Министерството за правда беше започнат најобемниот реформски циклус во последната деценија, со јасна цел, правосуден систем кој ќе биде предвидлив, ефикасен и во служба на правдата. И ова не е само политичка оценка на ЗНАМ. Ова е и оценка што ја споделуваат и потврдуваат и нашите европски партнери. Неодамнешните пораки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, се силна потврда дека Република Македонија ги исполнува обврските од реформската агенда и дека институциите испорачуваат резултати таму каде што со години постоеше застој, во делот на реформа на јавната администрација и владеење на правото. Зад него останува сериозен реформски капитал, 33 подготвени законски решенија, од кои 13 се директно поврзани со Реформската агенда и четири од нив се усвоени и изгласани во Собранието на Република Македонија – Закон за судска служба, Закон за јавно обвинителска служба, Закон за судски совет, Закон за совет на јавни обвинители, а истите се изработени преку процес во кој беа вклучени повеќе од 300 експерти во рамки на 24 работни групи. Тоа не е успех на еден човек или на една партија – изјави претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да биде конструктивен, стабилен и принципиелен партнер во Владата.

-Ќе продолжиме да ги реализираме политиките што им ги ветивме на граѓаните и ќе продолжиме да докажуваме дека државотворноста не е политички слоган, туку секојдневна обврска. Тоа е суштината на ЗНАМ. Тоа е нашата одговорност. И тоа е патот по кој ќе продолжиме да ја градиме Македонија – нагласи Димитриевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СЗО предупредува: Европа се соочува со здравствена криза поради екстремните горештини
Следна Статија Клековски е новиот министер за здравство, Перински застанува на чело на ФЗО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, учествуваше на панел дискусијата „СЕПА и земјите од Западен Балкан: Катализатор за приближување кон…

June 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германската економија бележи пад во вториот квартал од 2025 година

Германската економија падна за 0,3 проценти во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, со побрзо темпо…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Развој на патната мрежа и подршка за превозниците, основниот двигател на бизнисот

Максимално сме отворени и излегуваме во пресрет и фаваме поддршка затоа што сте основен двигател на бизнисот, порача вицепремиерот и…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во 2023 година секое шесто домаќинство во Македонија живеело во сиромаштија

Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?