Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СЗО предупредува: Европа се соочува со здравствена криза поради екстремните горештини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > СЗО предупредува: Европа се соочува со здравствена криза поради екстремните горештини
СВЕТ

СЗО предупредува: Европа се соочува со здравствена криза поради екстремните горештини

Објавено June 30, 2026 15:52
Сподели
Сподели

Екстремниот топлотен бран што ја зафати Европа предизвикува сериозни последици врз здравјето на населението и врз функционирањето на здравствените системи, предупредува Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа. Во повеќе држави се бележи нагло зголемување на бројот на повици до службите за итна медицинска помош, а веќе се пријавени и стотици смртни случаи поврзани со високите температури.

Според СЗО, горештините предизвикуваат проблеми со спиењето кај голем број луѓе, додека ургентните центри се соочуваат со рекорден број пациенти, објави 4news.mk Во Франција, во одредени градови бројот на повици до итната медицинска служба е зголемен за 50 проценти. Во Лондон е регистриран најголемиот број повици поради животозагрозувачки состојби во еден ден од постоењето на тамошната служба за брза помош.

Во меѓувреме, шпанскиот систем за следење на смртноста проценува дека за само неколку дена повеќе од 300 лица починале предвреме како последица на горештините, додека во Италија во рок од 24 часа се регистрирани пет смртни случаи поврзани со високите температури.

Од СЗО предупредуваат дека Европа се загрева повеќе од двапати побрзо од светскиот просек и дека топлотните бранови веќе не се исклучок, туку стануваат сè почести, посилни и подолготрајни.

„Акциските планови за горештини и здравје, системите за рано предупредување, разладените јавни простори и грижата за ранливите категории не се бирократски мерки – тие спасуваат животи“, истакнуваат од организацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Eве што не треба да оставате во автомобилот на жешко време
Следна Статија Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида

Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која се одржа на имотот Мар…

January 5, 2025
СВЕТ

Војната во Иран ќе ја крене цената на нафтата угоре

Цените на нафтата утринава нагло пораснаа, а берзанските индекси паднаа во раното тргување откако САД и Израел започнаа напади врз…

March 2, 2026
СВЕТ

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец

Уште еден брод е погоден во Ормуски Теснец. Претходно агенциите за поморска безбедност соопштија дека денеска во теснецот погодени се…

March 11, 2026
СВЕТ

Републиканците на чекор до победа во Сенатот на САД, освоија 49 од потребните 51 место

Врз основа на тековните проекции на CNN, вака се обликува рамнотежата на силите во Конгресот. Во Сенатот републиканците досега имаат…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?