Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија
БАЛКАН

Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија

Објавено August 25, 2025 18:53
Сподели
Сподели

Канадската компанија „Тера Балканика Рисорсис“ објави дека во рамки на проектот Виогор–Жаник во Брежани (БиХ) е откриено значително проширување на златното лежиште, при што во третата фаза од дупчењето потврдиле присуство на повеќеметално наоѓалиште.

На длабочина од 72,3 метри е измерена просечна содржина од 0,27 грама злато на тон руда, а во поединечни делови и над еден грам на тон. Освен злато, во новото наоѓалиште се потврдени и антимон и цинк.

Претседателот и извршен директор на „Тера Балканика“, Александар Мишковиќ, истакна дека резултатите покажуваат дека Брежани има потенцијал да стане рударски центар од европско значење.

„Ова откритие потврдува дека Босна и Херцеговина располага со минерални ресурси од светска класа. Нашата визија е Брежани да се развие во едно од клучните наоѓалишта во Југоисточна Европа и значително да придонесе за европскиот пазар на критични метали“, изјави тој.

Областа Брежани се наоѓа во близина на рудникот Сасе, кој веќе произведува стотици илјади тони руда годишно, што според компанијата овозможува брза интеграција во постојната рударска инфраструктура.

Успехот на проектот, велат од „Тера Балканика“, може да ја трансформира улогата на Босна и Херцеговина од земја со ограничени резерви во стратешки важен центар за злато и критични суровини во регионот и пошироко, носејќи нови партнерства и долгорочен економски раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија
Следна Статија Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Залудно се надевате, власта во Србија ќе остане непроменета

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи најави дека за утре е закажан состанок со американските претставници за енергетиката, вклучително…

January 1, 2025
БАЛКАН

Мајка ми е виновна за се, но и ако ги немав пиштолите на татко му, не би го направил тоа: Момчето убиец откри што претходело на масакрот

Момчето убиец кој на 3 мај минатата година го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, денеска, како што пишува Блиц,…

October 8, 2024
БАЛКАН

Студентите прогласија крај на протестите по инцидент пред Собранието на Србија

Крај на денешниот протест прогласија судентите во блокада во Белград откако обезбедувањето ниво пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а…

March 15, 2025
БАЛКАН

Вучиќ го прекина извозот на муниција по реакциите на Москва

Српското министерство за одбрана објави дека, во согласност со упатствата на претседателот на државата, кој е и врховен командант на…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?