Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул
БАЛКАН

Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул

Објавено August 25, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Двајца холандски тинејџери беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а се сомнева дека починале од труење.

Според извештаите, холандскиот државјанин Рашид Мохамед Аџуб (57) и неговите синови Мохамед Џамил Јусуф (17) и Мохамед Јаздани (15) престојувале во хотел во центарот на Истанбул и посетиле ресторан во населбата Таксим во петокот вечерта, објави Сабах Хабер Плус.

Додека синовите наводно јаделе таму, таткото не ја пробал храната. Утрото, откако слушнале бучава од нивната соба, персоналот на хотелот влегол и ги нашол децата како лежат неподвижни на подот, додека таткото, Мохамед Аџуб, бил во состојба на шок, паѓајќи во несвест.

Болничарите пристигнале на местото на настанот и ги прогласиле двете деца за мртви. Аџуб бил однесен во болница со брза помош.
Член на персоналот рекол дека кога влегле во собата, двете момчиња биле мртви.

„Едниот лежеше на креветот, другиот на подот. Кога пристигнаа болничарите, можеа само да го прогласат за мртов“, рече тој.

Полицијата започна истрага за смртта на тинејџерите за да утврди дали починале од труење со храна. Таткото бил однесен во болница и таму е на лекување.

Таткото им кажал на здравствените службеници дека неговите синови вечерале на Таксим, потоа се вратиле во хотелот и дека брзоим се слошило во нивната соба.

Според турските медиуми и државната новинска агенција Анадолу, браќата патувале во Истанбул со својот татко на одмор.
Опасните, понекогаш фатални инциденти се чести во Турција, особено кога е вклучен алкохол, објавија турските медиуми.

По Нова Година, во Истанбул се случи масовно труење, при што загинаа 34 лица.

Во мај, властите соопштија дека повеќе од 100 луѓе во главниот град Анкара починале во период од неколку месеци откако консумирале „домашен“ алкохол.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија
Следна Статија (ВИДЕО) Мечка се храни во дворот на семејна куќа во тетовско Отуње

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Берлинер Цајтунг“ за тензиите пред 1 ноември: Србија може да експлодира во секој момент

Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа многу луѓе, пред една година предизвика бунт во…

October 29, 2025
БАЛКАН

Вучиќ за укинувањето на факт чекерите: Tрамп е решен да го промени светот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за ТВ Пинк говореше за задоовлството од најавата за укинувањето на т.н факт чекери. Најавите…

January 13, 2025
БАЛКАН

Бугарија доби нова редовна политичка Влада, предводена од Росен Жељазков

Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“…

January 16, 2025
БАЛКАН

Убиен е 19-годишен доставувач на храна во Хрватска – убиецот е во бегство

Синоќа во хрватскиот град Дрниш е убиен 19-годишник, а полицијата интензивно трага по 50-годишен осомничен кој избегал по пукањето. Како…

May 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?