Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија
БАЛКАН

Босна и Херцеговина откри ново златно наоѓалиште: „Тера Балканика“ најавува рударска експанзија

Објавено August 25, 2025 18:53
Сподели
Сподели

Канадската компанија „Тера Балканика Рисорсис“ објави дека во рамки на проектот Виогор–Жаник во Брежани (БиХ) е откриено значително проширување на златното лежиште, при што во третата фаза од дупчењето потврдиле присуство на повеќеметално наоѓалиште.

На длабочина од 72,3 метри е измерена просечна содржина од 0,27 грама злато на тон руда, а во поединечни делови и над еден грам на тон. Освен злато, во новото наоѓалиште се потврдени и антимон и цинк.

Претседателот и извршен директор на „Тера Балканика“, Александар Мишковиќ, истакна дека резултатите покажуваат дека Брежани има потенцијал да стане рударски центар од европско значење.

„Ова откритие потврдува дека Босна и Херцеговина располага со минерални ресурси од светска класа. Нашата визија е Брежани да се развие во едно од клучните наоѓалишта во Југоисточна Европа и значително да придонесе за европскиот пазар на критични метали“, изјави тој.

Областа Брежани се наоѓа во близина на рудникот Сасе, кој веќе произведува стотици илјади тони руда годишно, што според компанијата овозможува брза интеграција во постојната рударска инфраструктура.

Успехот на проектот, велат од „Тера Балканика“, може да ја трансформира улогата на Босна и Херцеговина од земја со ограничени резерви во стратешки важен центар за злато и критични суровини во регионот и пошироко, носејќи нови партнерства и долгорочен економски раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија
Следна Статија Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Амбасада на САД: Санкциите не се насочени кон српскиот народ, туку Србија да го отстрани руското сопствеништво врз НИС

Санкциите на САД врз НИС не се насочени кон српскиот народ, туку нивната намера е да извршат финансиски притисок врз…

October 10, 2025
БАЛКАН

ВИДЕО: Бугарски пратеници се степаа по одлуката за преминување на евро

Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците…

June 5, 2025
БАЛКАН

Бугарија загуби 600 милиони евра во грантови од ЕУ

Бугарската влада најави дека ќе се откаже од грантови од 600 милиони евра од ЕУ за проекти според Планот за…

March 25, 2025
БАЛКАН

Продолжуваат протестите во Србија, искршени канцеларии на владеачката СНС, Вучиќ исвиркан од белграѓани

Протестите на студентите и граѓаните на Србија се одржаа шеста ноќ по ред низ целата земја. На вечерашниот протест во…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?