Опозициската СДСМ го предложи Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија, додека Борис Кондарко за член на Комисијата.
Ова стана јасно откако Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на седницата која ја одржа денеска едногласно ја утврди предлог одлуката за избор на претседател и членови на ДИК.
ВМРО-ДПМНЕ предложила тројца членови, Александар Даштевски, Ангелчо Ристов и Светлана Карапетрова. Предлогот на ДУИ е Дитмире Шеху, додека БЕСА, како дел од коалицијата ВРЕДИ го предложила Абдуш Демири за потпретседател на ДИК.
За седум позиции како членови на комисијата, вкупно има 16 пријавени кандидати. Инаку, претседателот на ДИК секогаш се бира од редовите на опозицијата.