Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брачен пар од Лондон поднесе тужба за рушење облакодер вреден 35 милиони фунти, бидејќи им ја блокира светлината при читање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Брачен пар од Лондон поднесе тужба за рушење облакодер вреден 35 милиони фунти, бидејќи им ја блокира светлината при читање
ЗАБАВА

Брачен пар од Лондон поднесе тужба за рушење облакодер вреден 35 милиони фунти, бидејќи им ја блокира светлината при читање

Објавено March 21, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Парот од Лондон, Стивен и Џенифер Пауел, сопственици на луксузен стан на јужниот брег на реката Темза, поднеле тужба против инвеститорот на новиот облакодер вреден 35 милиони фунти, кој ја блокира природната светлина во нивниот стан.

Според нивните тврдења, 17-катницата им пречи во секојдневниот живот, спречувајќи ги да читаат во кревет, што е основна потреба за квалитетен живот. Стивен и Џенифер Пауел се пензионери кои живеат на шестиот кат од станбената зграда Банксајд Лофтс, а заедно со нивниот сосед Кевин Купер покренаа правна постапка против Лудгејт Хаус Ltd, инвеститот на облакодерот Арбор. Тие бараат судска забрана за понатамошна изградба и користење на облакодерот, а во екстремен случај и негово уривање.

Нивниот адвокат Тим ​​Каланд изјави дека светлината е основна потреба на секој дом, која влијае на благосостојбата, здравјето и продуктивноста и дека тоа е вредноста што инвеститорите на Арбор Тауер ја наведуваат во своите реклами. Каланд истакна дека господинот Купер го избрал својот стан токму поради изобилството на природна светлина, која е од голема вредност за него и неговото семејство. Исто така, г-дин Пауел живее во Банксајд Лофтс повеќе од 20 години и се одлучи за својот стан, иако другите нудеа подобар поглед, бидејќи беше облеан во природна светлина.

„Единствениот начин да се зачува нивното право на светлина е да се издаде налог“, заклучил Каланд, додавајќи дека целта на тужителите не е нужно да ја урнат кулата, туку да најдат решение што ќе овозможи доволна светлина да се врати во нивните станови.

Сепак, адвокатот на инвеститорот, Џон Мекги КЦ, тврди дека намалувањето на светлината не е значително и не влијае на секојдневното користење на становите.

„Загубата на светлината поради зградата Арбор не го попречува значително користењето на становите“, изјави Мекги, истакнувајќи дека намалувањето на светлината во станот на Пауел е најзабележливо во пределот кај главата на креветот. Тој додаде дека човек што чита во кревет и онака би користел електрично осветлување.

Тој, исто така, посочи како тужителите го користат овој процес за да изнудат пари, наведувајќи дека Стивен и Џенифер Пауел одбиле понуда од 36.000 фунти за да се откажат од своите права на светлината, додека Кевин Купер одбил 26.000 фунти. Судскиот процес се уште трае, а сослушувањето во Високиот суд во Лондон продолжува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Би-би-си“ со реконструкција за пожарот во Кочани
Следна Статија Таравари: 10 пациенти ќе бидат пуштени од болница 

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Хуманоиден робот нападна вработен за време на тестирање

Се отвора нова страница во дебатата за безбедноста на вештачката интелигенција, откако хуманоиден робот во фабрика во Кина беше снимен…

May 8, 2025
ЗАБАВА

Како се прославува Велигден во Грција

Фрлање големи глинени садови на Крф, „војна“ со пиротехника на Хиос, хартиени фенери во Леонидио, „церемонија на миење“ на Патмос,…

April 11, 2026
ЗАБАВА

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Гевгелија е Град на културата за 2025 година, соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска заедно со…

February 6, 2025
ЗАБАВА

Реновирал без дозвола: Шпанската инспекција го казни Ѓоковиќ

Како што пренесува „Марбела 24 Хорас“, на 13 февруари Ѓоковиќ по втор пат е казнет со 5.000 евра. Се наведува…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?