Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија
СПОРТ

Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија

Објавено July 4, 2025 16:13
Сподели
Сподели

Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во родниот град Гондомар, во близина на Порто.

Голем број луѓе се собрани пред локалната црква каде утрово почна бдеење пред утрешната погребна церемонија која ќе почне во 10 часот по локално време.

Британските медиуми објавија дека сè уште не е јасно дали семејството ќе се одлучи за приватен или јавен погреб, но се очекува да присуствува и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.

Жота (29) и неговиот брат Андре Силва (26) загинаа ноќта меѓу среда и четврток во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора, кога нивниот автомобил излетал од патот.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека автомобилот се запалил и дека пламенот набрзо се проширил на блиската вегетација.

Според детали од истрагата, Жота, кој настапуваше за Ливерпул и неговиот брат Силва, кој го носеше дресот на португалскиот второлигаш Пенафиел, загинале околу половина час по полноќ, откако на нивниот автомобил се дупнала гума додека се обидувале да престигнат друго возило.

Браќата го почнале патувањето од Порто и планирале со брод да пристигнат во Англија каде Жота требаше да им се приклучи на своите соиграчи во Ливерпул за подготовките за новата сезона.

Шпанските медиуми објавија дека Жота неодамна бил подложен на мала операција и лекарите му советувале да не патува со авион. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува
Следна Статија Трамп ќе организира УФЦ борба во Белата куќа за независноста на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ивановски поразен во квалификациите на Челинџерот во Хелсинки

Македонскиот тенисер Калин Ивановски претрпе елиминација на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во финската престолнина Хелсинки, откако денеска…

November 3, 2024
СПОРТ

Симон Бајлс прогласена за спортист на годината од „Sports Illustrated“

Американската гимнастичарка Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка за 2024 година во изборот на магазинот „Sports Illustrated“. – Таа…

January 3, 2025
СПОРТ

МВП издание на Јокиќ – Србија ја победи Летонија

Србија ја победи Летонија, во дербито во А групата со 84:80. Србите го забележаа третиот триумф, Летонија има победа и…

August 31, 2025
СПОРТ

Mрме нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски последниот селекторски ангажман го имаше како предводник на националната репрезентација на Македонија, а откако оствари огромен успех со…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?