Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува
ПОЛИТИКА

Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува

Објавено July 4, 2025 15:59
Сподели
Сподели

Откако своето членство во СДСМ го стави во мирување бидејќи партијата со друг кандидат излегува на претстојните локални избори, актуелниот градоначалник на Струмица денес објавува ЈАВЕН ПОВИК ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА СТРУМИЦА.

Ги прашува: Дали сте подготвени да се вклучите во создавање на најдоброто можно утре за нашиот град и нашите села?

Фејсбук статусот на Костадин Костадинов погледнете го во продолжение:

Почитувани сограѓани, Поради растечкиот интерес и секојдневните пораки за можноста за независна кандидатура за градоначалник, сметам дека е чесно и одговорно прво да го консултирам токму народот – вие што живеете, работите и сонувате тука.

Од разговорите со вас, здруженијата, месните заедници и луѓето што не се плашат да го кажат своето мислење, произлезе иницијатива за две независни советнички листи:

  1. Советничка листа за турската и ромската заедница – со цел гласот на најголемите малцински етнички заедници во Струмица да биде јасно, достоинствено и силно застапен во локалната власт. Се надевам дека ќе се одржат и средби со сите партии и здруженија кои сакаат да партиципираат во еден заеднички и достоинствен настап за поголемо претставништво на овие заедници.
  2. Советничка листа за визија и развој – со фокус на креирање политики за напредок на градот и секое струмичко село.

Простор има за сите!

Нема мали или големи луѓе кога се работи за голема идеја. Без разлика дали сте лекар, бизнисмен, земјоделец, професор, нотар, уметник, пензионер, ученик или чистач – ако имате идеја, визија и желба за подобра Струмица, ве повикувам да ми се јавите.
Процесот ќе биде анонимен, ќе се организираат индивидуални средби, ќе има простор за сите мислења.

Ова не е политика против некого – ова е политика ЗА нешто.

Политика на здрав разум, достоинство и еднаква можност за сите.

Секој што сака да биде дел од нешто ново, чесно и визионерско – нека ми испрати порака. По ова следуваат денови на разговори, слушање и заедничко размислување.

Конечните одлуки како што кажав за дали ќе има независна кандидатура дали воопшто ќе се вклучиме во процесот или не ќе биде јавно кажан за неколку недели, до тогаш започнуваме со широки консултации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“
Следна Статија Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб

По повод изјавите околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив…

February 13, 2025
ПОЛИТИКА

Васко Кичевски со критики кон врвот на СДСМ за односот кон новата Платформа

оранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на Фејсбук упати критики до актуелното раководство на партијата за односот кон…

July 4, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Европската приказна на ЗНАМ е театар

Од СДСМ обвинија дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад и дека караванот што го организира низ државата под…

June 28, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Бараме одговорност од Јаневска затоа што ги остави учениците без учебници

Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните манипулации и уверувања дека на 1 септември секое дете ќе добие учебници, конечно…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?