Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа

Објавено July 11, 2026 13:30
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешаната прес конференција оцени дека економската реалност во која живеат граѓаните е најсилниот демант на како што ги нарече, „приказните на Мицкоски за трета економија во Европа“.

Единствено нешто што прави премиерот е да раскажува приказни. И тоа е единствено нешто во што е добар, за жал граѓаните веќе не му веруваат. Тоа дека сме биле трета економија во Европа, тоа дека тука тече мед и млеко – граѓаните знаат дека тоа не е вистина, затоа што фрижидерите и паричниците едноставно им се сѐ попразни, рече Филипче.

Претседателот на СДДМ смета дека Владата на Мицкоски ја изолира земјата и тоа носи сиромаштија и економски проблеми.

-Следуваат тешки есенски месеци, во кои не се знае колкава ќе биде цената на струјата, што ќе покрене дополнителен бран на поскапувања. Има пад на странските инвестиции, пад на индустриското производство, стагнација на платите – на просечната, на минималната плата, стагнација на платите во здравството, во образованието, стагнација на примањата во социјалните трансфери, рече Филипче.

Филипче оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот нема да донесе подобар животен стандард за граѓаните.

-Владата сака сето тоа да го маскира со тоа што предлага еден ребаланс, кој не е ништо друго туку бројки на хартија кои никако нема да можат да се остварат… нешто од што ниту граѓаните ќе видат некаков бенефит, а уште помалку државата во целост во контекст на остварувањето на стратешките цели, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека „денешната прес-конференција на Венко Филипче е доказ за конфузијата и хаосот кој владее во СДСМ“.

Веројатно ниту Венко Филипче не знае зошто држеше прес со милион теми а ништо конкретно и суштински. СДСМ е во паника и хаос поради стравот од избори и нивен пораз затоа го блокираат Изборниот законик обединети со Левица и ДУИ. Венко Филипче зборува за реформи а не може ниту сопствената партија да ја реформира. Ако Венко сега бара експертска група за Изборен законик зошто преговараше за истиот 4 месеци во Собранието. Како сега се сети дека му требаат експерти. Филипче е контрадикторен, од една страна вели треба во ЕУ час поскоро, а го кочи новиот Изборен законик кој е директива од ЕУ. Филипче нема ниту визија, ниту план за сопствената партија а уште помалку за државата, доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДСМ е денешната прес-конференција на Венко Филипче, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија ќе ја води истагата за инцидентот во авионот на Рајанер
Следна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата е во завршна фаза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

Опозициската СДСМ утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата…

March 15, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски (ВО ЖИВО)

Во Музејот на современа уметност во тек е настан за промоција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски,…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ откри дел од кандидатите за локалните избори – меѓу нив не е Костадинов!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори.…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Зајкова: ЛДП не ја напушта коалицијата со СДСМ, но делува независно

Претседателката на ЛДП, демантира дека партијата ќе ја напушти коалицијата со СДСМ. Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?