Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата е во завршна фаза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > (ВИДЕО) Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата е во завршна фаза
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата е во завршна фаза

Објавено July 11, 2026 13:38
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, но и дека е направена анализата за цените и маржите на околу 600 до 700 производи.

Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во градежните активности за реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски рече дека во најкус можен рок ќе бидат преземени соодветни мерки.

– Очекуваме во најкраток период оние кои што ги имаат малку зголемено маржите спореден со истиот период од минатата година од 2 до 5 проценти, зборам на тие веќе постојните бруто профитни маржи од 10 отсто. Да речеме, ако маржата била 10 проценти, сега се 12 или 15. Тие ќе бидат предупредени – рече Мицкоски.

Тој посочи дека Владата ја охрабруваат најновите податоци за инфлацијата, нагласувајќи дека во јуни таа изнесувала 3,4 проценти, што според него е најниско ниво во регионот.

– Во делот на храната и безалкохолните пијалаци инфлацијата е 2,5 проценти, а кај обувките и облеката 2,1 процент. Поголем драјвер би рекол се на тутунот и тутунските производи и алхохолот, како и транспортот поради војната во заливот и зголемените трошоци на транспортните компании и на туроператорите – истакна премиерот.

Мицкоски оцени дека ваквите показатели претставуваат успех во услови на глобална економска неизвесност и потсети дека во јуни 2022 година, кога започна војната во Украина, инфлацијата достигнувала 14 до 15 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Филипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа
Следна Статија Ќе се затвораат универзитети во земјава!?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и…

October 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бернар Арно: Зголемувањето на данокот е напад врз француската економија

Бизнисменот Бернар Арно, кој го предводи водечкиот светски производител на луксузни стоки LVMH и се смета за најбогат Французин, остро…

September 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Биткоинот се доближува до нов рекорд

Цената на биткоинот вчера значајно порасна, приближувајќи се до своето рекордно ниво, додека блокирањето на работата на американската влада влегува…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не забележале промени во однос на претходниот месец, но во споредба со…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?