Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се затвораат универзитети во земјава!?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се затвораат универзитети во земјава!?
МАКЕДОНИЈА

Ќе се затвораат универзитети во земјава!?

Објавено July 11, 2026 13:41
Сподели
Сподели

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно затворање на универзитети низ земјата. Изјавата ја даде на новинарски прашања од Охрид, каде е дел од владината делегација која е во посета на општината.

Прашана, кој е епилогот од досегашните активности за „чешлање“ на универзитети, таа одговори:

„На повеќе места има неправилности во работењето и ние се обидуваме тоа да го поправиме на секој можен начин. Во моментов, се уште работиме по пријава на одредени личности или група на наставници. Но, она што е добро, за разлика од минатото кога Агенцијата за квалитет на високото образование воопшто не функционираше, односно само доделуваа акредитации кои требаше и не требаше, проработе Агенцијата. Со оваа Влада, се разбира, и почнавме евалуации“,изјави министерката Весна Јаневска.

Во продолжение на одговорот, се осврна на детали од евалуациите. Не кажа конкретни имиња на институции, но сподели бројки.

„Првите евалуации кои се прават со странски експерти покажуваат во одредени универзитети добро работење, но во одредени универзитети ќе бидат одземени акредитациите. Но, има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме. Законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не поправуваат ќе бидат затварани. И тоа постепено се случува.

Досега се затворени 18 институти и еден приватен факултет – висока стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор, ама пет-шест институти сигурно и правиме проверка или мониторниг во најмалку уште пет универзитети“,изјави Весна Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата е во завршна фаза
Следна Статија Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oд ДУИ масовно споделуваат видео од Ахмети во униформа на УЧК, тој вели: Никогаш не сум изгубил војна

Од вчера ограноци и членови на ДУИ на социјалните мрежи споделуваат видео од Али Ахмети во УЧК униформа како врховен…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање на филм

Поради снимање на филм на мостот Беласица, денеска од 06.00 до 18.00 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај  во…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец

За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар. Испративме протестна…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за избор на претседател на ДКСК

Во Собранието денеска почна со работа Комисијата за селекција на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?