Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле
ХРОНИКА

Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле

Објавено April 8, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења, соопштуваат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американските медиуми: САД повлекуваат 10.000 војници од Европа
Следна Статија Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дошол да го види шестмесечното бебе па почнал да ја дави сопругата во нејзиниот дом

Основното јавно обвинителство Велес соопшти дека повеле постапка за телесна повреда и побарале притвор за лице од Велес, кој се…

January 12, 2025
ХРОНИКА

Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската…

May 8, 2025
ХРОНИКА

Приведен 22-годишник за обљуба на малолетно девојче

Гостиварската полиција вчера во приведе Б.М. (22) од Гостивар, кој бил пријавен од 51 годишна гостиварка, дека ја намамил на…

January 4, 2025
ХРОНИКА

Почна судењето за Стојанче, сведочеше мајката на починатата Ивана

По воведните зборови, на денешното судење на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја натерал сопругата Ивана да си го одземе животот…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?