Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брза железница до 2035 година меѓу Белград и Загреб, ќе се стигнува за четири часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Брза железница до 2035 година меѓу Белград и Загреб, ќе се стигнува за четири часа
БАЛКАН

Брза железница до 2035 година меѓу Белград и Загреб, ќе се стигнува за четири часа

Објавено November 16, 2025 12:48
Сподели
Сподели

До 2035 година, Белград и Загреб повторно би можеле да бидат поврзани со брза железничка линија што ќе ја врати некогашната рута од 1938 година, кога возовите поминувале 412 километри за само четири часа. Денес таква линија не постои, а патничкиот железнички сообраќај меѓу двата града е прекинат уште со почетокот на пандемијата, без повторно воспоставување иако здравствената криза одамна е надмината.

Според најновиот план на Европската унија „Connecting Europe through High-Speed Rail“, регионот на Западен Балкан е вклучен во развојот на нова генерација брзи железнички коридори до 2040 година. Планот ги опфаќа и земјите кои не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Србија. За делниците се предвидени две категории максимални брзини: над 160 km/h и над 200 km/h, со рокови за 2030, 2035 и 2040 година.

Белград–Загреб повторно активна рута?
Според европската мапа, железничката врска Белград–Загреб треба да биде воспоставена до 2035 година. Потоа, до 2040 година, е планирано и продолжување кон Љубљана со брзини до 160 km/h. Оваа траса веќе има сегменти каде е можно развивање и до 200 km/h, но потребни се дополнителни инвестиции за целосна модернизација.

Во моментов меѓу двата града сообраќа исклучиво товарен железнички сообраќај. Прашање е дали Србија и Хрватска ќе ја почекаат 2035 година или ќе се обидат самостојно да ја обноват патничката линија и пред ЕУ.

Белград–Ниш како прв голем проект
До 2030 година Србија треба да ја заврши брзата пруга Белград–Ниш, со планирана брзина од 200 km/h. Од Ниш кон Скопје и Софија брзината би изнесувала 160+ km/h, што ќе ја претвори оваа траса во главна јужна оска на балканскиот транспорт.

Регионален коридор кон Европа
До 2040 година е предвидена и модернизација на линијата Белград–Подгорица–Бар, која веќе години е единствената активна меѓународна линија од Србија. Со продолжување преку Подгорица, патниците ќе можат да стигнат и до Тирана и Драч

Планот „Западен Балкан – Источен Медитеран“ предвидува нови железнички гранки што ќе ги поврзат Белград и регионот со европските центри: Будимпешта, Линц, Салцбург, Риека, Плоче, Бар, Драч, Игуменица, Патра, Атина, Солун, Софија и границата на Бугарија со Турција.

На мапата на ЕК е наведено и дека до 2040 година треба да постојат директни врски Белград–Приштина и Белград–Сараево (преку Славонски Брод).

Ако плановите се реализираат во предвидените рокови, патувањето од Белград до Солун ќе трае помалку од шест часа — радикално подобрување во споредба со денешните услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 41-годишник возел низ Кавадарци со 1,54 промили алкохол во крвта
Следна Статија Мајка и две деца, починаа од труење со храна во Истанбул – истрагата е засилена, уапсени се уште три лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО: Тепачка меѓу студентите и полицијата во Белград

Студенти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак.…

April 16, 2025
БАЛКАН

Силен земјотрес во Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран…

October 19, 2024
БАЛКАН

(Видео) Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, три лица се изчезнати

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според…

October 4, 2024
БАЛКАН

(ВИДЕО) Огромен пожар беснее во познато грчко летувалиште

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма,…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?