Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брисел многу го сака Западниот Балкан во Европската Унија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Брисел многу го сака Западниот Балкан во Европската Унија
БАЛКАН

Брисел многу го сака Западниот Балкан во Европската Унија

Објавено June 27, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на патот кон членство во ЕУ, се наведува во заклучоците од јунскиот Совет на Европската Унија посветени на регионот.  

– Европскиот совет останува посветен на унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот за време на самиот процес на проширување на реверзибилен начин заснован на заслуги. Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, се потенцира во заклучоците. 

Во документот се додава дека за време на средбата, лидерите на земјите членки на ЕУ размениле мислење за ситуацијата во Западен Балкан и потсетиле на своите претходни заклучоци за регионот.  

Во делот од заклучоците за Молдавија се реафирмира „цврстата поддршка“ на Европската Унија за суверенитетот, територијалниот интегритет, отпорноста и економскиот развој на земјата. 

– Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со Република Молдавија за да ја зајакне отпорноста и стабилноста на земјата во услови на постојани дестабилизирачки активности од страна на Русија, вклучително и хибридни напади, насочени кон поткопување на демократските институции на земјата, се наведува во заклучоците во кои се изразува и поддршка за пристапувањето на Молдавија во ЕУ и се повикува на почеток на преговорите по кластери кога ќе бидат исполнети условите за тоа. 

Лидерите на ЕУ „остро ги осудуваат“ сите видови хибридни активности против Европската Унија, нејзините земји членки и партнери, особено континуираната руска хибридна кампања, која вклучува саботажи, нарушување на критичната инфраструктура, кибер напади, манипулации, ширење дезинформации и обиди за поткопување на демократијата, вклучително и ао обиди за влијание врз изборните процеси.  

– Во овој контекст, Европскиот совет го поздравува усвојувањето на дополнителни листи во рамките на рамката за рестриктивни мерки со оглед на дестабилизирачките активности на Русија и проширениот опсег на овој режим. Европската Унија и земјите членки ќе продолжат да ја зајакнуваат својата отпорност и целосно да ги користат сите достапни средства, вклучително и хибридниот сет алатки на ЕУ, за конкретно спречување, одвраќање и одговор на хибридните закани од Русија, се додава во заклучоците. 

Лидерите на ЕУ во документот нагласуваат и дека зајакнувањето на конкурентноста на Европа и понатамошното интегрирање на Единствениот пазар се клучни за одржување на просперитетот и социјалниот модел на Европа и тоа ќе придонесе за зајакнување на глобалното влијание и позиција на ЕУ како предвидлив, сигурен и веродостоен партнер, вклучително и преку зајакнување на меѓународната улога на еврото. 

Во документот се изразува поддршка на процесот на административно поедноставување, изградбата на вистинска Енергетска унија пред 2030 година и намалувањето на енергетската зависност на ЕУ со преземање мерки за отстранување на загриженоста на земјите членки. 

Лидерите исто така го поздравуваат исполнувањето на сите критериуми од страна на Бугарија за пристапување во Еврозоната и повикуваат на одобрување на предлогот на Комисијата за прием на земјата во блокот на 1 јануари 2026 година. 

Во заклучоците се повикува и на спроведувањето на усвоеното законодавство на ЕУ за миграцијата, зајакнување на борбата против нерегуларната миграција, забрзување на процесот на враќање на илегалните мигранти и спречување на инструментализацијата на мигрантите и на трговијата и шверцот со луѓе. 

Во документот се охрабруваат земјите од ЕУ да ја подобрат својата отпорност, подготвеност и капацитети за одговор на кризи и се повикува на мобилизирање на сите инструменти за справување со сите форми на организиран криминал, како и тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам, како онлајн, така и офлајн, кои, како што се наведува, претставуваат голема закана за европските граѓани и безбедноста на членките на Унијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Taравари нема да биде кандидат за градоначалник на Гостивар, туку актуелниот в.д Лимани
Следна Статија ШОК: Почина Марџ Симпсон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Земјотрес ја погоди Лефкада: „Многу се тресеше“

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 25 јули 2025 година, во 7:31 часот наутро…

July 25, 2025
БАЛКАН

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.…

May 3, 2025
БАЛКАН

Уaпсениот градоначалник на Истанбул Имамоглу се огласи од затвор

Уапсениот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу ги повика граѓаните на Турција да не губат надеж и да му ја најават…

March 23, 2025
БАЛКАН

Во Белград и Нови Сад, билборди со пораката „Среќен роденден, претседателе Лукашенко“

Денес, во главниот град на Србија, Белград, и во вториот по големина град Нови Сад, осамнаа со билборди со честитки…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?