Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Романската полиција изврши претрес во домови поврзани со Георгеску
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Романската полиција изврши претрес во домови поврзани со Георгеску
БАЛКАН

Романската полиција изврши претрес во домови поврзани со Георгеску

Објавено December 7, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Романската полиција денеска изврши претрес на неколку домови како дел од истрага за наводни нерегуларности при победата на крајнодесничарскиот кандидат за претседател Калин Георгеску. Тој победи во првиот круг од претседателските избори, кои вчера беа поништени од Уставниот суд.

Судот донесе одлука за поништување на изборите поради масивна дезинформациска кампања, наводно поттикната од Русија, што резултираше со искривување на изборните резултати. Романските власти почнаа истрага по доставените информации од разузнавачките служби за мешање од странска држава.

Претресите се спроведени во три куќи во градот Брашов во централна Романија, при што се истражуваат случаи на „корупција на гласачите, перење пари и компјутерска измама,“ според обвинителството.

Информациите презентирани од романските разузнавачки служби откриваат дека кампањата на Георгеску на социјалната мрежа ТикТок чинела еден милион евра, иако тој тврди дека не потрошил ништо. Документите сугерираат и директна интервенција од страна на странска држава врз информатичките и комуникациските системи поврзани со изборниот процес.

Во меѓувреме, романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT) отвори кривична постапка за кампањата на Георгеску, што засега не подразбира формално обвинение, туку собирање докази за понатамошни чекори.

Романските служби предупредија дека земјата била цел на „агресивни руски хибридни напади“ за време на првиот круг од претседателските избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експерти за криптопазарот укажуваат: Не верувајте во секоја криптовалута, голем дел од нив се шпекулативни и ќе исчезнат
Следна Статија (Видео) Армијата на Асад го напуштa југот на Сирија, бунтовниците тврдат дека го опколиле Дамаск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Дали под почитување на меѓународното право Кос мисли на пресудите во Стразбур против Бугарија?

Комесарката за проширување Марта Кос за време на вчерашната посета на Скопје одговараше на прашање како да ја зголемиме доверата…

July 9, 2026
БАЛКАН

По „10-та мајка“ бел чад од бугарското собрание: Киселова избрана за претседател

Наталија Киселова од БСП собра 140 гласа за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија, 98 беа против, пренесе БГНЕС.…

December 6, 2024
БАЛКАН

Српски авион евакуираше Македонци од Египет

Српски евакуационен авион од Египет со 67 патници околу 1 часот и 30 минути слета на аеродромот „Никола Тесла“. Леталото…

March 4, 2026
БАЛКАН

Албанија ја прогласи за „стратешки инвеститор“ компанијата на Џаред Кушнер

Албанските власти ја прогласија за „стратешки инвеститор“ компанијата на познатиот американски бизнисмен и инвеститор, Џаред Кушнер, зет на новоизбраниот претседател…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?