Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
БАЛКАН

Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите

Објавено February 10, 2025 19:28
Сподели
Сподели

Владата на Србија во оставка испрати инструкции до дипломатската мрежа во земјите-членки на ЕУ и до Европска Унија со инструкции како треба да настапуваат со соговорниците.

Борбата против корупцијата, одржување на владеењето на правото и зајакнувањето на институциите се клучните принципи на кои остануваме целосно посветени – и затоа како приоритет ќе се посветиме на нив и цениме што студентите ги изнесоа овие теми на прв план. Затоа Владата на Србија ги исполни сите нивни барања, се наведува во писмото од српската Влада.

Во писмото се посочува и дека изминатите три месеци студентските и граѓанските собири се одвиваат мирно, без употреба на државна сила, иако тие не биле официјално пријавени, како што налага законот.

Студентите почнаа со блокади и дефинираа четири барања по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. Блокадите и протестите се интензивираа откако на 22 ноември во Белград беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности за време на 15-минутната блокада.

Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.

Студентите тврдат дека ниту едно нивно барање не е исполнето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вака денес изгледа Азис: Раскина со дечкото, доби дете со најдобрата другарка
Следна Статија Го убила сопругот, го закопала, па го пријавила за исчезнат: Трудна Србинка(34) уапсена во Лептокарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Здравствената состојба на Ратко Младиќ се влошува

Семејството на Ратко Младиќ бара соодветна медицинска нега кој отслужува казна во Хаг, се соочува со влошување на здравствената состојба,…

June 12, 2026
БАЛКАН

Фудбалер погоден на лов, загина на лице место

Во Здравствениот дом во Градачац од повреди здобиени со огнено оружје при лов загиина Асмир Ќехајиќ (27), познат како Крча.…

November 19, 2024
БАЛКАН

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во…

January 6, 2025
БАЛКАН

Минималната плата во БиХ се зголемува од 300 на 600 евра

Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?