Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
БАЛКАН

Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови

Објавено August 14, 2025 20:13
Сподели
Сподели

Студентите во блокада за вечерва најавија нови протестни собири, што ќе започнат во неколку српски градови помеѓу 19:30 и 21 часот.

Студентите во блокада на Инстаграм соопштија дека собирите во Белград ќе се одржат во 19:30 часот кај зградата на Генералштабот, на кружниот тек во близина на Општина Нови Белград, како и кај Автокоманда, додека собирот во Нови Сад ќе започне во 19:45 часот пред просториите на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Собирите се најавени во 19:30 часот во Крагуевац на Ѓачки плоштад, во Краљево на плоштадот Српски воини, во Лозница и Шабац во близина на Гимназијата, во 20 часот во близина на Градското собрание во Ужице и во 21 часот во Ниш, но локацијата засега не е прецизирана.

Собири се планирани и во Обреновац, Лазаревац, Анарѓеловац, Сремска Митровица, Горњи Милановац, Врбас, Крушевац, Ваљево, Богатиќ, Неготин, Смедерево, Бор, Чачак, Зрењанин, Инѓија, Младеновац, Панчево, Лесковац, Шид, Качарево, Ивањица, Рума, Прокупље и Стара Пазова, а сите информации може да се најдат на социјалните мрежи на студентите во блокада.

Претходните две вечери во неколку градови во Србија имаше судири меѓу демонстрантите и поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), кои најчесто беа сместени во близина на просториите на партијата.

Во меѓусебното гаѓање со различни предмети, поддржувачите на СНС најчесто користеа пиротехнички средства, а неколку лица беа повредени, меѓу кои и припадници на полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стопанствениците ги поздравија мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот
Следна Статија МНР чека потврда за Дејанчо, а ова се убиените во Боливија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Koста Кецмановиќ пукал 55 секунди, промашил само 11 куршуми

Продолжува судњето на Коста Кецмановиќ. На вчерашното рочиште беа откриени нови детали дека малиот убиец пукал 55 секунди во своите…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

За време на блокадата на „Пластичарска“ уапсен 24-годишник по напад на полицаец

Дваесет и четиригодишен учесник на вчерашната блокада на улицата „Пластичарска“ е уапсен откако физички нападнал полициски службеник, соопшти Министерството за…

December 24, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Снаа пукала на свадба во Турција и го убила младоженецот

Дваесет и тригодишен младоженец почина од повредите добиени откако беше застрелан за време на свадбен прием во северна Турција. Младенците,…

August 28, 2025
БАЛКАН

Минималната плата во БиХ се зголемува од 300 на 600 евра

Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?