Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стопанствениците ги поздравија мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стопанствениците ги поздравија мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот
ЕКОНОМИЈА

Стопанствениците ги поздравија мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот

Објавено August 14, 2025 21:05
Сподели
Сподели

Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите.

Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки Народната банка испраќа јасна порака за поддршка на сеопфатните економски придобивки преку овозможување пониски трошоци за електронските плаќања за компаниите и обезбедување поголема достапност и ефикасност на платните услуги.

На средбата беше истакнато дека Народната банка продолжува со посветеност да ги унапредува условите во платниот систем, во согласност со европските стандарди и во насока на претстојното приклучување кон СЕПА, кое се очекува да започне на 6 октомври.

Во разговорот, и двете страни оценија дека стабилниот и конкурентен банкарски сектор е клучен за поддршка на стопанството, а Народната банка и натаму останува отворена за дијалог со деловната заедница со цел создавање подобра економска клима и пристап до квалитетни финансиски услуги.

Во однос на монетарната политика, гувернерот подвлече дека Народната банка внимателно ги следи економските текови и е подготвена да реагира соодветно со сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс и на цените.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори
Следна Статија Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата скокна на 5,7 отсто

Трошоците за живот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5,7 %, а цените на…

May 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар

Минималните месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари изнесувале 66.413 денари и се зголемени за 921 денар во споредба со…

January 20, 2026

Убер и Лифт подготвени да тестираат роботакси во Обединетото Кралство во партнерство со Баиду

Кинескиот технолошки гигант Баиду најавува планови за воведување на автономни возила во Лондон преку партнерства со Лифт и Убер, со…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Експретседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски, отвори консултантска фирма

Поранешниот претседател на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски влегува во приватниот сектор. На 6 мај почна со работа Друштвото со ограничена…

May 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?