Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
СВЕТ

Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО

Објавено February 16, 2025 09:50
Сподели
Сподели

Британскиот премиер Кир Стармер нагласи синоќа дека Европа мора да има поголема улога во НАТО и дека неговата земја ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно и дека не треба да дозволат поделбите да ги одвратат од „надворешните непријатели“, јави Би-Би-Си.

Коментарот на Стармер дојде откако претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина на Минхенската безбедносна конференција претходно во саботата изјави дека за Европа нема да има место на маса во мировните преговори за Украина.

Се очекува во наредните денови високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија.

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати изјавија дека средбата најверојатно ќе се одржи в понеделник.

Според Би-Би-Си, се очекува Стармер да присуствува на состанокот во Париз.

„Европа мора да преземе поголема улога во НАТО додека работиме со САД за да ја обезбедиме иднината на Украина и да се спротивставиме на заканата од Русија“, рече Стармер, пренесе Би-би-си.

Медиумот, исто така, ја цитираше изјавата на Стармер дека Британија „ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно“.

Стармер додаде дека двете земји не можат да дозволат какви било поделби во алијансата да го одвлечат вниманието од надворешните непријатели.

Според Би-Би-Си, Стармер  ќе разговара за ставовите на европските лидери кога ќе го посети Трамп во Вашингтон.

Трамп во петокот рече дека Стармер планира да ги посети САД во наредните недели и дека ќе се сретне со него. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видео: МекКлунг за историја по трет пат најдобар забивач во НБА
Следна Статија Миноски: Глобалната геополитика, Македонија и инфлацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе започне, како што ја нарекува, „мајката на сите трговски битки“, со воведување нови царини…

April 2, 2025
СВЕТ

ВТОР ИНЦИДЕНТ: Агенти убија маж во Минеаполис, на улиците избувнаа големи протести

Федерални агенти на американската имиграциска служба- ICE за време на интервенција во Минеаполис убија маж, потврдија извори блиски до истрагата.…

January 25, 2026
СВЕТ

Линијата на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам „Старлинк“

Сопственикот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека сателитскиот систем „Старлинк“ е столбот на украинската армија, додавајќи дека целата линија на фронтот…

March 9, 2025
СВЕТ

Голем прекин на струјата во Шпанија и во Португалија, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови ВИДЕО

Голем прекин на електричната енергија е пријавен во Шпанија и во Португалија денес, вклучувајќи ги и нивните главни градови, јавуваат…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?