Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
СВЕТ

Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава

Објавено September 21, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Велика Британија денескa ќе ја признае палестинската држава и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Британскиот премиер, Кир Стармер, во јули објави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември доколку ситуацијата во Газа не се подобри.

Би-Би-Си објави дека Стармер и министрите од британската влада заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила во последните недели и дека ќе го објават признавањето на Палестина во недела попладне.

Признавањето на Палестина е голема промена во британската надворешна политика откако неколку претходни влади тврдеа дека признавањето треба да дојде како дел од сеопфатен мировен договор.

Овој потег предизвика остри критики од израелската влада, семејствата на заложниците и некои конзервативци. Израелскиот Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека таквата одлука „го наградува теророт“.

Најавеното признавање беше критикувано и од водечките американски политичари, кои предупредија дека тоа ќе го зајакне Хамас и ќе ја загрози безбедноста на Израел.

Како што претходно најави португалското Министерство за надворешни работи, и Португалија денес официјално ќе ја признае палестинската држава.

Се очекува уште десет земји да го следат примерот на Португалија на Генералното собрание на ОН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес се празнува празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица: Заштитничка на жените, се верува дека помага на тие што немаат деца
Следна Статија Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници

Во Париз ќе се одржи церемонија по повод отворањето на катедралата Нотр Дам, со говор на францускиот претседател Емануел Макрон,…

December 7, 2024
СВЕТ

Трамп ги удвои царините за железо и челик

Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп…

June 4, 2025
СВЕТ

Основачот на модната куќа „Манго“ загина во планинарска несреќа

Основачот на модната куќа Манго Исак Андик (71) загина во несреќа додека планинарел во околината на Барселона, соопштија денеска извори…

December 14, 2024
СВЕТ

Брутална математика на војната: Пресметано колку години ќе им бидат потребни на Русите да ја заземат Украина со ова темпо

Во април, руските сили успеаја да окупираат околу 176 квадратни километри украинска територија. Но, тие платија висока цена за тоа…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?