Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре како херој, можел да побегне, но избрал да се сврти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре како херој, можел да побегне, но избрал да се сврти
ЗАБАВА

Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре како херој, можел да побегне, но избрал да се сврти

Објавено March 21, 2025 10:09
Сподели
Сподели

Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст за трагедијата во Кочани, во која фокусот го става на смртта на Андреј Ѓорѓиески, еден членовите на бендот ДНК, кој трагичната вечер во дискотеката „Пулс“ имаа настап.  Под наслов: „Пејачот ‘умре како херој’, втрчувајќи во пожар во ноќен клуб во Македонија за да ги спаси младите обожаватели“, британскиот медиум со долга традиција пишува дека пејачот на ДНК бил опишан како „добар и скромен“ од неговиот ожалостен менаџер.

Пејачот на хип-хоп група која свиреше пред пожарот да убие повеќе од 50 луѓе „умре како вистински херој“ враќајќи се во пеколот за да ги спаси своите млади обожаватели, а не себеси, изјави неговиот менаџер, пишува „Индипендент“.

Извештаите сугерираат дека 1.500 луѓе, вклучително и малолетници, биле во ноќниот клуб „Пулс“, во Македонија, каде што ДНК настапувале кога се запалил покривот.

Андреј Ѓорѓиески, еден од пејачите на популарниот македонски бенд, е констатирана смрт од неговиот менаџер, се наведува во текстот.

Снимките на социјалните мрежи покажаа хаос во клубот додека покривот се запали, а Ѓорѓиески ги повика присутните да излезат што е можно побрзо.

Неговиот менаџер, како што наведува „Индипендент“, соопштил дека пејачот се вратил во запалениот магацин каде што загинаа 59 луѓе, меѓу кои и малолетници, а повеќе од 100 се повредени.

Букинг менаџерот на хип-хоп групата Спасоски изјави за „Индипендент“ дека Андреј можел да побегне, но избрал да се сврти.

Тој рече: „Да, точно е. Никогаш во животот не сум сретнал толку добра и скромна личност“.
Андреј се смета дека е меѓу загинатите во несреќата која ги „збриша“ и фотографот на бендот Александар Ефремов, пејачката Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев и клавијатуристот Филип Стевановски. 

Понатаму, во текстот се вели дека полицијата уапси 20 лица во врска со фаталниот пожар, во кој се вклучени владини претставници и управителот на местото – стара зграда која претходно била складиште за теписи – и која немала валидна дозвола.

Запрашан дали сака правда за смртните случаи на местото на настанот, Спасоски додаде: „Се надеваме дека ова ќе не освести сите како народ и дека државата нема да дозволи да ни се повторуваат вакви трагедии“, пишува „Индипендент“, при што дава приказ и на другите активности што се преземаат во земјава во врска со овој трагичен настан. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Група млади и хумани луѓе од Кочани создадоа транспарентна платформа за донации за секое од децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани
Следна Статија Д-р Лазаров: Македонците во Европа се за секое поздравување, во голем број се активни насекаде каде има пациенти од Кочани по болниците во странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Празник за уши: Сузана Спасовска со „Судбо моја“ на „Златна Бубамара 2025“

И оваа година доделувањето на наградите за најпопуларните на „Златна бубамара“ помина со многу хумор, уметнички и музички настапи вредни…

March 3, 2025
ЗАБАВА

Денес започнува младата месечина и ќе има магично дејство врз овие 2 знака: Сѐ што ќе си замислат, ќе им се оствари

Младата месечина на 24 јули носи магична енергија – идеално време за нови почетоци и исполнување на желбите Младата месечина…

July 24, 2025
ЗАБАВА

Астролог открива: Јуни ќе ги прероди овие четири хороскопски знаци

Руската жена астролог Тамара Глоба најавува целосен пресврт за четирите хороскопски знаци. Близнаци За Близнаците, овој месец ќе донесе леснотија…

May 26, 2025
ЗАБАВА

Неверојатно откритие на научниците: Мозокот испраќа сигнали за кои не сме знаеле дека постојат

Многу суштества имаат способност да испуштаат видлив сјај, но луѓето не се меѓу нив. Сепак, како што истакнуваат истражувачите, ова…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?