Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, додека за 7,2 % е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 65,5 %, а жени 34,5 %. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0,1 %. Од вкупниот број вработени, 57,2 % се мажи, а 42,8 % се жени. Учеството на неформалната вработеност се зголемува.
Неформално вработени лица се 98 095, што е за 8.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 51.4 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.1 % во секторот Градежништво.
Главни поенти
Активно население: 792 746 лица
Вработени: 701 369 лица
Невработени: 91 377 лица
Стапка на активност: 52,2
Стапка на вработеност: 46,2
Стапка на невработеност: 11,5