Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на загинати во Венецуела се искачи на 920, речиси 50.000 лица се водат како исчезнати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бројот на загинати во Венецуела се искачи на 920, речиси 50.000 лица се водат како исчезнати
СВЕТ

Бројот на загинати во Венецуела се искачи на 920, речиси 50.000 лица се водат како исчезнати

Објавено June 26, 2026 21:55
Сподели
Сподели

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела продолжува да расте. Според најновите официјални информации, досега се потврдени 920 жртви, повеќе од 4.300 лица се повредени, а речиси 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките екипи неуморно ги пребаруваат урнатините во обид да пронајдат преживеани. Според властите, од најтешко погодената крајбрежна област Ла Гуаира досега се спасени 243 лица, додека стотици објекти се целосно уништени или сериозно оштетени.

Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, соопшти дека се оштетени најмалку 383 згради, меѓу кои 13 болници и 25 трговски центри. Дополнително, повеќе од 1.000 инфраструктурни објекти претрпеле различен степен на оштетување.

Меѓу најтрогателните приказни е онаа за жена која загинала додека со своето тело ја заштитувала својата ќерка при уривањето на зградата. Детето преживеало, а трагедијата предизвика силни реакции во јавноста. Во друга драматична спасувачка акција, жена родила под урнатините, по што таа и новороденчето биле извлечени од спасувачите. Жителите на погодените подрачја велат дека градовите изгледаат како воена зона. Илјадници луѓе ноќите ги минуваат на улиците, во шатори или на душеци поставени на отворено, стравувајќи да се вратат во оштетените домови поради опасност од нови потреси.

Владата започна проверки на сите оштетени објекти за да утврди дали се безбедни за живеење, додека Министерството за туризам врши проценка на штетите врз хотелите и туристичката инфраструктура. Во меѓувреме, Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации упатија апел за итна глобална помош, предупредувајќи дека кризата може дополнително да се продлабочи доколку погоденото население не добие брза хуманитарна поддршка.

Дополнителни контроверзии предизвика одлуката на градоначалникот на општината Кампо Елијас во државата Мерида, кој нареди единствено Цивилната заштита да биде надлежна за собирање и дистрибуција на хуманитарна помош. Во исто време, дел од граѓаните и политичките организации тврдат дека полицијата задржала камиони со донации наменети за настраданите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Едно лице загина во сообраќајна несреќа на Плетвар
Следна Статија Медицинска сестра препорача (необични) трикови за ладење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) „Сајбертрак“ експлодираше пред хотел на Трамп, еден загинат

Американските власти ја истражуваат експлозијата на возилото „Тесла сајбертрак“, што се случи денеска пред хотелот на Трамп во Лас Вегас,…

January 2, 2025
СВЕТ

Апсење во Дубаи: Екстрадиран напаѓачот на рускиот генерал Алексеев

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека во Дубаи е уапсен и итно екстрадиран во Русија мажот осомничен за…

February 8, 2026
СВЕТ

Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во Газа (ВИДЕО)

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа,…

August 11, 2025
СВЕТ

Орбан: Европа има две опции, едната води кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина ја довела Европа до „историска пресвртница“, нагласувајќи дека американскиот…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?