Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184
СВЕТ

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

Објавено April 10, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184, соопштија властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките тимови се уште се на терен во потрага по тела и можни преживеани, иако никој не бил пронајден жив до вторник попладне, пренесе АП.

„Ние нема да оставиме никого. Продолжуваме да работиме“, рече Мендез.

Несреќата се случила ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, додека стотици луѓе уживале во концертот на познатиот пејач Рубио Перез. Во клубот во тој момент имало музичари, спортисти и официјални лица.

Прво почнала да паѓа прашина од таванот, а потоа се урнал покривот и ги затрупал посетителите со бетонски плочи.

Досега се идентификувани 54 тела, додека најмалку 33 остануваат неидентификувани.

Повеќе од 200 луѓе се повредени, а најмалку 20 лица се хоспитализирани, од кои осум се во критична состојба.

Причината за уривањето на покривот се уште не е позната, а истрагата е во тек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вандализиран споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје
Следна Статија Во близина на Лондон се гради тематски парк базиран на холивудското студио „Универзал“, ќе се отвори во 2031 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Руските научници заминуваат од ЦЕРН

По повеќе од деценија соработка, Русија се повлекува од Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) во Женева, пренесува ДПА. Истражувачите…

November 3, 2024
СВЕТ

Макрон изрази сочувство до семејствата на жртвите во несреќата во Кран-Монтана

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изрази сочувство до семејствата на жртвите од несреќата во бар во ски-центарот Кран-Монтана во Швајцарија…

January 1, 2026
СВЕТ

Палки, молотови коктели, пиротехника: Кај грузиските „шарени“ пронајден цел арсенал оружје

Видео од претреси на грузиски опозиционери го покажува арсеналот кој го поседуваат за „мирните“ протести за поддршка на ЕУ: молотови…

December 6, 2024
СВЕТ

Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?