Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Унгарците ги задржаа парите и златото, а ги врати запленетите оклопни возила на Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Унгарците ги задржаа парите и златото, а ги врати запленетите оклопни возила на Украина
СВЕТ

Унгарците ги задржаа парите и златото, а ги врати запленетите оклопни возила на Украина

Објавено March 12, 2026 18:47
Сподели
Сподели

Унгарија денеска и врати две оклопни возила на Украина, но ги задржа парите и златото во вредност од околу 82 милиони долари, повикувајќи се на истрагата за перење пари, потег што Киев го нарече кражба.

Односите меѓу Унгарија и Украина, веќе затегнати поради блиските врски на Виктор Орбан со Русија, дополнително се влошија минатата недела кога Унгарија уапси седум Украинци кои превезувале вредни предмети. Тие подоцна беа протерани од Унгарија и вратени во Украина.

Украина побара враќање на парите и златото, а шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, во неделата овој потег на Унгарија го нарече „невиден чин на државен бандитизам и рекетирање“.

Унгарскиот парламент пред два дена усвои закон предложен од партијата Фидес на Орбан, со кој им овозможи на властите да го чуваат вредниот имот 60 дена додека е во тек истрага за неговото потекло и дестинација.

Тензиите меѓу двете земји растат пред изборите на 12 април, а војната во Украина е во центарот на кампањата во која Орбан тврди дека победата на опозицијата би ја вовлекла Унгарија во конфликтот.

Орбан стави вето на воведувањето нови европски санкции против Русија и исплатата на заемот на Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски организираше ифтар (ФОТО)
Следна Статија Николоски: Очекувам позитивни работи во блиска иднина за инфраструктурата, транспортот и многу нови работни места во Македонија!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател

Водечките светски обложувалници денеска предвидуваат понеизвесна трка за претседател на САД, во споредба со пред десетина дена, кога кандидатот на…

November 3, 2024
СВЕТ

Предлогот помина и во ЕП: Од наесен со посебни процедури ќе влегуваме во земјите на ЕУ

Европскиот парламент денеска со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“ го одобри постепеното воведување на Системот за влез…

July 8, 2025
СВЕТ

Би-би-си: Воведувањето царини е најголемата коцка во политичката кариера на Трамп

Политичките ставови на Доналд Трамп се менуваа со децении, но една работа остана иста – од 1980-тите, тој тврди дека…

April 3, 2025
СВЕТ

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран

Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран што ја зафати Европа, предупредија експертите…

June 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?