Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарскиот министер за надворешни работи за Македонија во ЕУ: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бугарскиот министер за надворешни работи за Македонија во ЕУ: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот министер за надворешни работи за Македонија во ЕУ: Уставните измени не се единствениот услов, тогаш почнува процесот

Објавено April 14, 2025 12:52
Сподели
Сподели

Додека Македонија очекува разбирање по сите направени отстапки, официјална Софија не се смета за пречка на македонскиот интегративен пат. Оттаму потенцираат дека условите од кои зависи интеграцијата, се плод на европски консензус.

Бугарија има многу јасно структурирана позиција по прашањето за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, европската интеграција, безбедноста на регионот, вземните прекугранични односи – изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во емисијата „Брисел 1“ на ТВ Бугарија ON AIR.

Од наша страна, мислам дека нештата се кристално јасни. Ние нема ниту да промениме нешто во нашето мислење, ниту пак има нешто што ќе го отфрли т.н. европскиот консензус кој беше постигнат во 2022 година. Оттука натаму се што би можело да биде направено како заеднички принос на сите држави кои сме се обединиле околу тој европски консензус – е добредојдено. Но треба да се знае дека членство во ЕУ базирано на заслуги е еден фундамент на целата ЕУ, околу кој и ние како Бугарија сме се усогласиле пред 20 години, кога сме биле во нашиот процес на европска интеграција. Тоа го очекуваме и од останатите – порача Георгиев.

Многу е важно да се знае дека уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов, потенцира шефот на бугарската дипломатија.

Како што рече, ова го посочува во случај да постои евентуална цел – доколку уставните измени се случат, а потоа се јават и останатите услови од европскиот консензус – дека тогаш некој може да каже „ете, ви кажавме ли дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“.

Прво, не се Бугарите, туку е Брисел. Целата ЕУ стои зад тој консензус. Тоа е многу важно и е услов кој треба да се повторува постојано. И второ, во тој европски консензус се и протоколите, патната карта за заедниците и малцинствата, придржувањето кон договореното за доброседството… Сето тоа треба да биде факт. Во спротивно, нема да има исполнување на европскиот консензус, нема да има исполнување на заклучоците од Советот. А додека тоа не е факт, нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер кој се однесува на човековите права. Откако ќе видиме уставни измени, се надеваме, да – тоа тогаш ќе го отвори патот и почнува процесот, кон кој, природно, се пристапува со она што го кажав – базирано на заслуги. Државата која е кандидатка за член на ЕУ треба да ги исполнува условите кои самата Унија и ги поставува. И во тоа нема никаква билатералност, нема никакво отворено меѓудржавно прашање, туку напротив, тоа се однесува на процесот на присоединување – рече Георгиев.

На оценката на водителката дека „овој аспект отсуствува од дебатата во Скопје, каде пред македонското општество уставните измени се претставуваат како единствен, а не како прв услов“, Георгиев вели дека тој постојано посочувал на тоа.

Затоа постојано им напоменувам и на колегите, сосема добронамерно, навистина не сакам да помислам дека тоа се прави тенденциозно, со некоја задна мисла. Напротив, си има црно на бело многу јасно поставени услови, низ кои поминува процесот – изјави тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски: Не сум монструм, ниту убиец
Следна Статија ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизелот поевтинуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание,…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

Министерот за правда Игор Филков осврнувајќи се на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител ,Љупчо Коцевски вели дека негова…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Салиу: Обвинет сум за кривично дело со претпоставки, а не со докази

Во периодот од 2012 до 2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со барање за давање согласност или мислења…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?