Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на владата
БАЛКАН

Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на владата

Објавено December 12, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата на Росен Жељазков.

Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка.

Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од Алијанса за права и слободи (АПС) и Морал, единство, чест (МЕЧ).

– Коалицијата ја разгледа ситуацијата. Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Без оглед на тоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на народот. Нашата желба е да бидеме на нивото што го очекува општеството. Моќта доаѓа од суверенот и гласот на народот. И младите и старите го кренаа својот глас за оставка. Оваа граѓанска енергија мора да се поддржи и охрабри, истакна вчера Жељазков.

Оставката следеше по големите протести, предизвикани од контроверзните буџетски планови на владата. Бугарската Влада на крајот на ноември го повлече нацрт-буџетот, што веќе беше доставен до Парламентот, по масовните протести на партиите и синдикатите ширум земјата и предупредувањето од Европската комисија дека нацрт-буџетот не е во согласност со буџетските правила на ЕУ.

Протестите ескалираа во општо незадоволство поради корупција, неправда и неуспех во многу сектори од работата на владата.

Жељазков беше избран за премиер на 16 јануари со 125 гласа „за“, 114 „против“ и без „воздржани“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од Федералните резерви
Следна Статија Федералните резерви ја намалија каматната стапка, но иднината е неизвесна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети

Албанското Министерство за внатрешни работи од денес ќе започне со спроведување на привремена забрана за движење на електрични тротинети низ…

October 13, 2025
БАЛКАН

Вучиќ нарече новинарка на РТС „имбецил“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се извини што дописниците на Радио Телевизија на Србија (РТС) од Ниш ги нарече „имбецили“,…

March 3, 2025
БАЛКАН

Како бугарскиот фашистички окупатор ги депортираше македонските Евреи

Историските документи и бројни истражувања потврдуваат дека царска Бугарија за време на Втората светска војна била фашистичка и националсоцијалистичка држава, тесно…

March 11, 2025
БАЛКАН

(Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија. „Вечерва малку…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?