Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести
ЗДРАВЈЕ

Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести

Објавено August 17, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Сонот го зајакнува имунолошкиот систем, но денес повеќе од една третина од возрасните лица не успеваат да ги отспијат препорачаните седум или осум часа ноќе.

Ако сте изложени на вируси и не сте наспани, поголема е веројатноста да се разболите, предупредуваат лекарите. Недостатокот на сон може да биде „активатор“ и за бројни хронични здравствени проблеми, како дијабетес и срцеви заболувања, но и да го зголеми ризикот од деменција.

Сонот е како полнење на батериите на уредите и е неопходен за да се одбраните од грипот. Најважна е фазата на длабок сон, која настапува 35 до 45 минути по заспивањето, бидејќи тогаш имунолошкиот систем се зајакнува“, објаснува д-р Крис Братнер, додавајќи дека денес повеќе од една третина од возрасните не успеваат да спијат препорачани седум или осум часа ноќе.

Кога имаме некаква инфекција или се развива воспалителен процес во организмот, имунолошкиот систем ослободува одреден вид протеини, цитокини, а кога сме неиспани, нивната продукција се намалува, па и имунитетот ослабува.

Колку часа сон се препорачуваат?

Деца на возраст од 6 до 13 години треба да спијат од 9 до 11 часа.

Тинејџери: 8 до 10 часа.

Возрасни лица над 18 години: 7 до 9 часа ноќе.

Кога ве мачи несоница

Ако ве мачи несоница, понекогаш е доволно да се променат животните навики – да имате редовен ритам на будење и одење на спиење, да воведете физичка активност во текот на денот, да избегнувате внес на кофеин и алкохол непосредно пред спиење или да ги совладате техниките за релаксација.

Билки кои можат да ве опуштат и да ви помогнат полесно да заспиете се: валеријана, лаванда, камилица и мајчина душица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тачи: Преговорите со Али Ахмети пропаднаа
Следна Статија Хамас го отфрла планот на Израел за преселувања во Газа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Редовното консумирање на овие овошја и зеленчуци ќе го подобри здравјето на вашето срце

Здравјето на срцето е од клучно значење за целосното функционирање на организмот, а редовното консумирање на повеќе видови овошје и…

March 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор открил неочекувана причина за мозочен удар

Мозочниот удар е акутна состојба која настанува како последица на прекинот на дотокот на крвта во мозокот, што доведува до…

October 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Двајца млади скопјани со мајмунски сипаници: Случаите не се поврзани, не патувале надвор од државата, едниот хоспитализиран

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Напреден тест на крв за откривање на над 50 видови рак покажа ветувачки резултати

Тест на крв, кој открива повеќе од 50 видови на рак, вклучувајќи ги и оние кои тешко се дијагностицираат како…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?